Министерката д-р Ташевска-Ременски и претседателот на НВО “Реактор-Истражување во акција” Дамјан Здравев: Само преку заедничка соработка и споделување на искуствата можеме да постигнеме повеќе

Министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски и Платформата за родова еднаквост претставувана од претседателот на НВО “Реактор – Истражување во акција” Дамјан Здравев потпиша Меморандум за соработка.

Платформата за родова еднаквост која е мрежа од 21 организација, иницијативи и индивидуи, го потпиша Меморандумот за соработка во има на: 

1.    Асоцијација за здравствена едукација и истражување – ХЕРА

2.    Бори се женски

3.    Женска граѓанска иницијатива АНТИКО

4.    Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените  - ЕСЕ

5.    Здружение Женски форум – Тетово

6.    Здружение за локален рурален развој

7.    Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска

8.    Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје

9.    Коалицијата - Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници

10.   ЛезФем

11.   Мрежа за заштита од дискриминација

12.    Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство

13.   Националниот совет за родова рамноправност

14.   Организација на жени на град Скопје

15.   Организација на жените „Кумановка“ Куманово

16.   Организација на жените на општина Свети Николе

17.   Реактор – Истражување во акција

18.   Здружение за еднакви можности СЕМПЕР – Битола

19.   Здружение на граѓани за промоција на женската активност “Tiiiit! Inc-Скопје”

20.   Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија

21.   Хуманитарно Здружение „Мајка“ – Куманово

Министерството за труд и социјална политика и Платформата за родова еднаквост со овој Меморандум за соработка воспоставуваат основа за стратешко партнерство и соработка во областа на родовата еднаквост и зајакнувањето на жените, со цел да го поддржат остварувањето на целите на Законот за еднакви можности на жените и мажите и Стратегијата за родова еднаквост на Република Македонија (2013-2020), како и соработка во областите кои не се вклучени во Стратегијата, а придонесуваат за постигнување на родова еднаквост.

Само преку заедничка соработка и споделување на искуствата можеме да постигнеме повеќе и за афирмацијата на родовите прашања и за спроведување на политиките за унапредување на правата на жените во сите сфери од општественото живеење.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }