Средба на Ташевска-Ременски со амбасадорот на Франција Тимоние
Министерот за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски оствари средба со амбасадорот на Република Франција во Република Македонија Кристијан Тимоние.
На средбата беа разменети позитивни искуства и отворени повеќе актуелни теми: бегалската криза со која се соочува Македонија и Европа и предизвиците во справувањето со истата, безбедносните ризици и хуманиот третман на бегалците и барателите на азил.
Исто така, министерката Ташевска-Ременски и амбасадорот Тимоние разменија искуства за добрите практики поврзани со можностите за младите, образовните програми, програмите за мобилност и др. Се разговараше и за функционирањето на Министерството за труд и социјална политика и подготовките за претстојниот период.