Ташевска–Ременски ги испрати танчерите од студиото ,,Dancers United MK” на светско првенство во модерни танци за лица со посебни потреби

Министерот за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска Ременски  присуствуваше на последната генерална проба на танчерската група ,,Dancers United MK”  пред нивното поаѓање на светското првенство во модерни танци за лица со посебни потреби што ќе се одржи во Грац, Австрија, од 19-23 октомври.

Дарко, Александар, Ена, Јулијана, Оливер, Моника и Христијан е нашата репрезентација од студиото ,,Dancers United MK” која што ќе не претставува на ова светско првенство. Позитивна атмосфера, многу насмевки и еуфорија беше она што ја отсликуваше атмосферата во студиото. 

Министерката Ташевска-Ременски се увери во нивната подготвеност, а танчерите раскажаа за нивните тренизни и напорната работа која им претходела под палката на инструкторите Сара, Нермин и Виолета. На генералната проба можеше да се забележи дека нашата држава ќе има достојни претставници на Светското првенство. 

,,Стискаме палци и им посакуваме многу среќа на претстојното првенство со надеж дека ќе ги пречекаме со врвни резултати. Грижата за граѓаните,  особено за потребите на лицата на кои нашата помош и нашата подадена рака им е неопходна,  претставува сериозна должност и обврска”, изјави во оваа прилика министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски. 

Инаку, Министерството за труд и социјална политика склучи договор за спонзорство со ,,Dancers United MK”  со кој ќе бидат покриени најголемиот дел од финансиските потреби на танцовата група со Даунов синдром. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }