Оглас на УНИЦЕФ за консултант за техничка помош на Министерството за труд и социјална политика за поддршка на процесот на деинституционализација (национален консултант)

УНИЦЕФ бара квалификуван консултант со искуство во работа со деца во институтции и со лица со попреченост и којшто има познавања за процесот на деинституционализација. Поконкретно, преку таквата консултантска работа, УНИЦЕФ ќе обезбеди техничка помош на Министертвото за труд и социјална политика (МТСП) во процесот на трансформација на институциите за социјална заштита во услуги за поддршка во заедницата во рамките на процесот на деинституционализација.

Консултантот ќе ги извршува следните задачи:

1. Поддршка на МТСП за координација на активностите чија што цел е денституционализација, трансформација на институциите и развој на услугите за поддршка во заедницата;

2. Често вршење на мониторинг на активностите предвидени во агендата за деинституционализација;

3. Обезбедување на техничка помош и совети на стручните тимови во институтциите за социјална заштита и центрите за социјална работа (ЦСР) во спроведувањето на конкретни активности поврзани со процесот на деинституционализација и развој на услуги за поддршка во заедницата;

4. Олеснување на континуираната соработка и координација со граѓанскитеорганизации, како и со меѓународните агенции коишто работат наунапредување и заштита на правата на лицата со попреченост;

5. Поддршка на МТСП во прибирањето на средства и развивањето на проектни идеи за поддршка на процесот на деинституционализација;

6. Дополнителни одговорности може да бидат побарани од страна на УНИЦЕФ и/или Министерството.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Универзитетска диплома по социјална работа, социјална политика, дефектологија или други сродни области; Диплома за повисок степен на образование ќе се смета за предност; 
  • Најмалку 5 години релевантно работно искуство во областа на деинституционализација, услуги за поддршка во заедницата за лица со попреченост, застапување или други сродни области;
  • Искуство во полето на унапредување на правата на лицата со попреченост, правата на децата или други сродни полиња;
  • Солидно познавање на системот на социјална заштита во земјата;
  • Потребно е течно користење на македонскиот и англискиот јазик;
  • Претходно работно искуство со системот на ОН и/или меѓународни агенции за развој ќе се смета за предност.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АНГАЖМАНОТ: Очекуваниот датум на започнување на ангажманот е месец октомври 2017 година, а очекуваното времетраење на ангажманот е 12 месеци. Консултантот ќе биде лоциран во рамките на МТСП и ќе ја извршува својата работа од истата локација.

ПРОЦЕС НА СЕЛЕКЦИЈА:

Заинтересираните кандидати треба е поднесат пријава најдоцна до 17 октомври 2017 година на ogrozdanovska@unicef.org.

Пријавата треба да се состои од следното:

1) Писмо за изразување на интерес (една страна);

2) Кратка биографија (СV) и P11 образец за апликантот во коишто е наведено образованието и претходното релевантнo искуство;

Ќе бидат контактирани само кандидатите коишто ќе влезат во потесен избор.

Огласот е објавен на веб-страницата на УНИЦЕФ: www.unicef.org

За повеќе информации за оваа консултантска работа, Ве молиме кликнете тука

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }