Министерката Шахпаска учествуваше на онлајн Форумот за Западен Балкан: Дијалог на високо ниво за социо-економското влијание на пандемијата врз ранливите Роми во Западен Балкан и Турција

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска  учествуваше на онлајн Форумот за Западен Балкан: Дијалог на високо ниво за социо-економското влијание на пандемијата врз ранливите Роми во Западен Балкан и Турција, во ко-организација на Европската комисија, Светска банка, Совет на Европа  и УНДП и на која учество земаа претставници на овие институции и министри од земјите од Западен Балкан.

Во однос на темата која беше предмет на денешниот дијалог на високо ниво, министерката Шахпаска посочи дека Владата  и Министерство за труд и социјална политика имаат заедничка цел-еднакво општество за сите. Сите мерки и секоја политика, додаде таа  е креирана  во насока на овозможување еднаква шанса за сите, со посебен акцент на  најранливите категории на граѓани, како што се Ромите, со цел да добијат еднаква можност за напредок и интеграција во општеството.

„Ромите се дел од сите Владини мерки кои што беа донесени со цел справување со  кризата предизвикана од пандемијата со КОВИД 19. Конкретно со последниот петти пакет антикризни мерки се предвидува финансиска поддршка за Роми претприемачи преку креирање „Мечинг фонд за претприемништво за Роми“. Вредноста за оваа мерка е 123 милиони денари за 2021 година, а пред ѐ е наменета за микро и малите компании коишто имаат ризици во работењето. Исто така, намерата е голем дел од оваа ранлива категорија граѓани да добие финансиска поддршка со цел формализирање на нивната дејност,“истакна Шахпаска.

Таа посочи дека Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија презема низа активности за зголемување на вработливоста и вработувањето на невработените лица Роми како една од ранливите категории на пазарот на трудот.

Притоа, таа ја истакна соработката со УНДП како  клучна  и  воедно ја посочи  програмата „Ацедер“, која се реализира  втора година по ред, а е фокусирана на поддршка на припадниците на ромската заедница за пристап до вработување и зголемување на нивната вработливост, со главна цел да се подобри социјалната инклузија и еднаквоста на Ромите во земјата.

„Досега, постигнавме одлични резултати, од 2007 година со поддршка на УНДП, над 210 нови бизниси се основани од ромски претприемачи во рамките на Програмата за самовработување, заеднички спроведена со УНДП и националните партнери,“ рече Шахпаска.

Притоа, таа  ја истакна  важноста од  активното  и рано ангажирање на локалните власти и локалните невладини организации во ко-дизајнирање на локалните програми, имплементирање на интервенциите на локално ниво.

„Центрите за социјална работа, преку социјалната реформа, конкретно преку case management, им овозможуваат на лицата од социјално ранливите групи полесно да се вклучат во општественото  дејствување. Преку 8 ромски информативни центри, кои имаат професионално ангажирани лица во Центрите за социјална работа, Ромите своите прашања и проблеми ги адресираат институционално,“посочи министерката Шахпаска.

Таа потенцираше дека преку нив се овозможуваат директни насоки и информации од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, за тоа кои активни мерки и програми од Оперативниот план можат да ги искористат и со тоа да се вклучат на пазарот на труд.

„Во 2020 година во рамките на услугата Активација на невработени Роми  и други лица во ризик од социјално исклучување 4200 лица пристапиле до тимот на ментори  чија улога беше да ги мотивираат и редовно да ги информираат за можностите за вработување или за подобрување на нивните капацитети за вработување. Активностите со невработените лица Роми беа реализирани и преку учество на АВРСМ во имплементацијата на Стратегијата за Ромите во Република Северна Македонија 2014-2020, реализација на Националниот акционен план за вработување 2016-2020, проектот “Интеграција на Роми 2020“, соработка и активности со други институции и граѓански и преку учество во заеднички активности за информирање на невработените лица,“рече Шахпаска.

Министерката истакна дека уште еден суштински играч се локалните невладини организации врз основа на тоа дека имаат единствена позиција да достигнат до најмаргинализираните и најобесправените семејства, да обезбедат персонализирана поддршка, како и да ги придружуваат ранливите во секој чекор на процесот на економско зајакнување и социјална инклузија на повратниците.

„На крајот на денот, сите ние се трудиме да ја подобриме егзистенцијата на луѓето во нашите земји и понекогаш само една приказна од областа на ден ни дава ентузијазам да продолжиме со нашите напори,“порача Шахпаска.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }