Министерката Шахпаска учествуваше на панел дискусија:„Прав(да) за деца–ЕУ за малолетничка правда и правда по мерка на децата“

 

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска учествуваше на панел дискусија насловена „Прав(да) за деца –ЕУ за малолетничка правда и правда по мерка на децата“, проект финансиран од ЕУ и кофинансиран од УНИЦЕФ, каде што учество земаа и министрите за внатрешни работи и правда Оливер Спасовски и Бојан Маричиќ, амбасадорот на ЕУ за Северна Македонија, Дејвид Гир и претставничката на УНИЦЕФ Патриција ди Џовани.

 

„Министерството за труд и социјална политика преку Центрите за социјални работа, во согласност со предвидената постапка во Законот за правда за децата, се грижи за секое дете кое доаѓа во судир со законот да добие силна и континуирана поддршка во надминување на проблемите,рече  министерката Шахпаска ,која ја истакна важноста на овој процес за децата со цел нивно враќање на вистинскиот пат, кој од нив ќе создаде здрави личности и градители на ова општество.

 

„Социјалната реформа, што ја започнавме 2019 година, предвидува нов облик на работа со семејствата во социјален ризик, вклучително и децата, case management односно водење на случај. Водењето на случај подразбира вклучување на професионални стручни работници од ЦСР кои треба да одговорат на индивидуалните потреби на секое дете посебно, потенцираше Шахпаска и ја истакна специфичноста на секој случај и индивидуалниот план и пристап кон секое дете посебно во случаите кога семејството не може да го заштити детето без поддршка од државата или други организации.  

 

„Целта е да постигнеме одржлив мултидисциплинарен и урамнотежен приод кон справување со проблемот на детското престапништво, преку зајакнување и унапредување на системот за спроведување на сеопфатна заштита, третман и рехабилитација на децата во ризик преку меѓусекторска соработка, протоколи и функционирање на секој поединачен дел од системот за заштита на децата во рамките на социјалниот, здравствениот, полицискиот и правниот систем,посочи Шахпаска.

 

Министерката  нагласи  дека Министерството за труд и социјална политика  во соработка со канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје се заложи за сеопфатен пристап во заштита и превенција на деца од насилство.

 

„Националното координативно тело за превенција и заштита на децата од злоупотреба и занемарување во 2019 година изготви Стратегија за превенција и заштита на децата од насилство (2020-2025) и Акциски план (2020-2022) во согласност со сите значајни меѓународни документи“, истакна министерката Шахпаска.

Оваа стратегија ја преставува визијата, целите, стратешкиот пристап на Владата и активностите што треба да се превземат и унапредат при превенција и заштита на децата од сите видови на насилство.

 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }