МТСП: Исплата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека од утре, 3 декември 2020 година (четврток) започнува исплатата на Гарантираната минимална помош- ГМП, за месец ноември 2020 година.

Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19, исплатата ќе се спроведе во две групи, во филијалите и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

-  3 декември  (четврток) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ,И, Ј, К, Л, Љ, М,

-  4 декември (петок) – Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш;

Корисниците на ГМП коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, од 3 декември   2020 година.

Останатите права од социјална и детска заштита започнуваат со исплата на ден 4 декември (петок) , за  граѓаните кои поседуваат дебитна картичка . Тие ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, за следниве права:

•  Детски додаток

• Посебен додаток

• ЕПП за новороденче

• Родителски додаток за трето дете

• Родителски додаток за четврто дете

• Додаток за образование

•Надоместок за помош и нега од друго лице 

• Еднократна парична помош

•Надоместок заради попреченост

• Цивилна инвалиднина

• Социјално домување

• Социјална сигурност за стари лица-социјална пензија

• Азиланти домување

• Парична помош за згрижувач

• Паричен надоместок за згрижувачко семејство

 

Исплатата на овие права ќе се спроведе во две групи, во филијалите и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

-    7 декември  (понеделник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ,И, Ј, К, Л, Љ, М,

-    9 декември (среда) – Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш;

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }