Шахпаска во Топ Тема: И во време на светска пандемија имаме покачување на минималната плата, за три години имаме раст од 6.000 денари

Mинистерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска во емисијата Топ Тема на ТВ Телма, зборуваше за најактуелните теми во овој момент во нашата држава, како порастот на минималната плата, законското решение недела-неработен ден и други прашања од кои се засегнати сите чинители во општеството.

„Минималната плата се усогласува до крајот на март, согласно трите параметри од претходната година, односно една третина од порастот на просечната плата од минатата година, една третина од порастот на трошоците за живот и една третина од растот на бруто домашниот производ. Оваа година минималната плата ќе биде 15.194 денари,“ рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Таа посочи дека секое зголемување е добредојдено, но не е доволно.  За три години, додаде таа, имаме пораст на минималната плата за 6000 денари.

Околу дилемата за пресметката на растот на минималната плата таа истакна дека податоците за критериумите се од Државниот завод за статистика.

„Ако ние одевме преку Собранието  за толкување, ќе ни беа потребни минимум 3 месеци, затоа што таква е процедурата,“ истакна Шахпаска.

Министерката истакна дека целта на носењето на сите пакети со економски мерки беше задржување на  секое работно место.

„Не сакаме да предизвикаме уште повеќе откази во ова време на пандемија и светска криза, тоа е наша одговорност и ова усогласување ја покажува грижата за работникот на дело. Оваа Влада и во услови на пандемија покажа дека се грижи за работниците, не случајно се сите 5 пакети, петтиот уште не е изгласан, не е имплементиран. Со таа финансиска инјекција која што беше дозирана и спрема потребите на компаниите, критериумот беше токму бројот на работници да го зачува ист,“ потенцираше Шахпаска.

Министерката Шахпаска на прашањето за недела неработен ден посочи дека во Законот за работни односи, таксативно се наведени кои ќе бидат исклучоците од ова решение, тоа се 40 исклучоци и околу 30 проценти од сите регистрирани дејности.

„Ниту во моловите нема да работаат сите работници, тоа го регулира Министерството за економија со Законот за трговија. Во Моловите ќе работаат само една смена од 10 до 18 часот, а  2% од целиот промет кој ќе го направат во недела во текот на целата година ќе бидат наменет за изградба на нови градинки. А вработените што ќе работат во недела ќе добиваат 100 процентен надомест дополнителен на основната дневница,“ рече Шахпаска.

Контролата на почитувањето на ова законско решение, додаде таа,  ќе го врши Државниот инспекторат за труд, УЈП и пазарниот инспекторат. А секој кој ќе работи во недела треба да го пријави работењето во надлежните институции.

На прашањето во однос на реализираните капитални инвестиции на Министерството за труд и социјална политика, таа рече дека реализирани се 24% од капиталните инвестиции и тоа само во првиот квартал, што е многу повеќе од процентот 15%,  предвиден како  минимум.

„Фактот што за седум месеци се отворени нови 11 градинки и обезбеден е простор за 670 деца и фактот дека уште 14 градинки се градат и ќе бидат готови до крајот на годината говори дека сериозно ги движиме проектите,“ истакна  Шахпаска.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }