Средба на министерката Шахпаска со Организација на работодавачи на Македонија

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска оствари средба со претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија и неговите соработници.

На средбата од страна на Организацијата на работодавачи беше презентирано нивниот придонес во градењето на социјалниот дијалог, колективното договарање, како и учеството во функционирањето на Економско социјалниот совет. Воедно беа изнесени и предлози за негово понатамошно подобрување и унапредување, меѓудругото преку измени на постојната законска регулатива.

Министерката Шахпаска нагласи дека поради важната улога на социјалниот дијалог во изминатиот период беа организирани повеќе средби и состаноци на кои беше разговарано за повеќе актуелни прашања, како што се четвртиот пакет економски мерки, предлогот за недела неработен ден и други прашања.

Соговорниците се согласија дека и синдикатите и работодавачите и Владата се еднакво важни чинители за градење на конструктивен социјален дијалог кој ќе придонесе за  унапредување на правата на работниците и економско социјална состојба во државата.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }