Парична помош за средношколците од семејствата приматели на социјална парична помош  


Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов на конференција за медиумите информираше за продолжувањето на Програмата за условен паричен надоместок за средно образование.


“Министерството за труд за социјална политика,  преку различни проекти и иницијативи настојува да го подобри социјалниот статус на ранливите категории. Правото на образование е темелно право на секое дете, но истовремено и сигурен пат до успех за секој човек.Токму поради тоа и оваа година почнувајќи од овој месец продолжуваме да ја реализираме Програмата за условен паричен надоместок за учениците од средно образование од семејства приматели на социјална парична помош”, рече министерот Спасов.Оваа програма има за цел да обезбеди дополнителна помош и стимулација за учениците и семејствата приматели на социјална помош и за нејзина реализација за 2014/2015 година се предвидени 108.000.000 денари.

“На секој корисник годишно ќе му се исплаќа  по 12.000 дeнари, а исплатата се врши во четири еднакви износи од по 3.000 дeнари на примателот на надоместокот во текот на една година. Овој износ останува непроменет и за оваа учебна 2014/2015 година, при што очекуваме дека годинава 9.000 ученици ќе го остварат ова право. Исплатата на средствата за Програмата за условен паричен надоместок за образование, ќе се врши на ист начин како и исплатата на правото на социјална парична помош”, информираше министерот Спасов, притоа потсетувајќи дека оваа Програма успешно се реализира од почетокот на учебната 2010/2011 година, односно ова е веќе петта година по ред како се применува. 

Исто така, министерот за труд и социјална политика ги спомена и условите за користење на Програмата. 

“Корисници на Програмата се ученици од домаќинства кои се корисници на право на социјална парична помош, е потребно:

да е запишан како редовен ученик во средно училиште,

редовно ја завршил претходната учебна година во која користел условен паричен надоместок и

е на средношколска возраст, согласно со Законот за средно образование.

Корисникот може да користи условен паричен надоместок за средно образование под следниве услови:

се додека е редовен ученик и

присуствува на најмалку 85% од вкупниот број на реализирани часови”, рече министерот Спасов.

Исплатата на условениот паричен надоместок ќе се врши на мајката на корисникот, а доколку на мајката од оправдани причини не може да и се исплати надоместокот, исплатата ќе се врши на носителот на правото на социјална парична помош, определен од страна на центарот за социјална работа.

“Примателот на надоместокот може да поднесе барање за остварување на условен паричен надоместок за средно образование, почнувајќи од  овој месец, а најдоцна до 31 март 2015 година во меснонадлежните центри за социјална работа заедно со потврда за редовен ученик од училиштето. Да потсетам дека барање за остварување на ова право, задолжително се поднесува секоја година, и дека решението за остварување важи една година”, рече министерот Спасов.

Програмата ќе ја спроведат Министерството за труд и социјална политика, центрите за социјална работа, Министерството за образование и наука, средните училишта и Министерството за финансии, согласно со Прирачникот за администрирање на Програмата за условен паричен надоместок за средно образование, донесен од Министерството за труд и социјална политика. Информирањето за начинот и условите на ова право ќе се одвива преку веб сајтот на министерството, центрите за социјална работа, преку јавен повик на медиумите и преку специјално изработен Прирачник кој ќе биде достапен во училиштата и ќе служи за информирање на родителите.Во оваа прилика, министерот Спасов ги повика  родителите корисници на социјална парична помош кои имаат дете средношколец, најдоцна до 30 септември да поднесат барање до меснонадлежниот Центар за социјална работа за користење на правото на условен паричен надоместок. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }