Промовирани 40 наслови на аудио книги за слепите лица

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, директорот на НУБ Св.Климент Охридски-Скопје, Иван Заров, директорот на Македонското радио, Ајтен Мехмети, претседателот на Градската организација на Националниот сојуз на слепи лица-Скопје, Зоран Костадиновски денес ги промовираа првите 40 наслови на аудио книги од проектот  “Зголемување на фондот на аудио книги во Одделението за слепи и слабовидни лица при НУБ "Климент Охридски.


Спасов на почетокот нагласи дека овој проект бил  инициран од замислата дека читањето на книги, освен што може да се прави преку сетилата за вид, може да се прави и со сетилата за слух. И токму поради тоа во декември минатата година беше склучен меморандум за соработка каде се обврзавме да овозможиме што повеќе книги да бидат достапни и бесплатни  во аудио формат, за слепите лица и деца со оштетен вид.

“Денес ги промовираме првите четириесет наслови аудио записи, кои Македонското радио-радио Скопје ги отстапи во рамките на проектот, а за потребите на слепите лица. Тоа е избор на најпознатите приказни од македонски светски автори, радиодрами на македонски и албански јазик, но и има содржини за едукативен карактер наменети за најмладите” рече Спасов и продолжи:

“Овие наслови ќе бидат достапни во НУБ Св.Климент Охридски во Скопје, каде што слепите и слабовидни лица мора да бидат зачленети во Одделението за слепи и слабовидни. Оттука секој заинтересиран ќе може да го добие посакуваниот наслов и преку пошта. Аудио книгите ќе бидат достапни и во државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид, потоа во просториите на Националниот сојуз на слепи. Во тек е и изработка на посебна веб страна од каде секој заинтересиран ќе може да го добие посакуваниот наслов.

“Сакам да напоменам дека проектот интензивно продолжува со реализација и со останатите наши партнери од медиумскиот простор и невладиниот сектор, на волонтерска основа. Во овој контекст морам да го споменам и вториот проект на министерството за труд и социјална политика 400 аудио книги за лица со оштетен вид, каде до крајот на годината ќе има дополнителни 100 наслови, од најразличен жанр” потенцираше Спасов

На крајот тој истакна дека ова е само почеток и дека замислата да им се помага на слепите лица,  дава голем мотив да  се продолжи што повеќе да се создава за нив.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }