Решен проблемот со издавањето на потврди за ослободување од партиципација на децата со посебни потреби

Министерот за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска-Ременски на конференција за медумите рече дека е решен еден голем проблем за родителите на децата со посебни потреби кои се ослободени од партиципација при лекување.                

“Решивме голем проблем за најранливите категории граѓани кои досега мораа да плаќаат партиципација при лекувањето само затоа што Фондот за здравствено осигурување и ова Mинистерство си ја префрлувале одговорноста која институција да им издаде потврда”, инфоремираше Ташевска-Ременски.  

Таа рече дека ова бил еден од првите нејзини чекори што ги преземала како министер за труд и социјална политика иницирајќи состанок со претставник на Фондот за здравствено осигурување и усогласувајќи ги чекорите за идно постапување.

Според неа не постојат законски пречки за ослободување од партиципација за децата со посебни потреби, корисниците на постојана парична помош, лицата сместени во установи за социјална заштита и во друго семејство и лицата со интелектуална попреченост без родителска грижа согласно со Законот за социјалната заштита.

“За таа цел изготвивме и до Центрите за социјални работи ги доставивме осумте унифицирани потврди за статусот на корисникот. Со тоа обезбедивме поедноставено и поефикасно остварување на правото на ослободување од партиципација и го надминуваме недоразбирањето која институција ги издава потврдите. Сега центрите за социјална работа, во зависност од тоа дали корисникот е здравствено осигуран преку МТСП или по друг основ, се задолжени да издадат потврда согласно сo основот на осигурување”, информираше министерката Ташевска-Ременски. 

Ова значи дека едниот вид на потврда ќе се издава на децата со посебни потреби, корисниците на постојана парична помош, лицата сместени во установи за социјална заштита и во друго семејство и лицата со интелектуална попреченост коишто се без родителска грижа, кои како корисници се здравствено осигурени преку МТСП, во која ќе биде нагласено дека истите се ослободени од партиципација и средствата за партиципација ќе бидат наплатени од МТСП. 

Вториот вид на потврда  ќе се издава на корисници  кои се здравствено осигурени по други основи. За овие корисници Центрите за социјални работи ќе издаваат потврда дека се корисници на конкретното право и дека потврдата се издава за да послужи за ослободување од партиципација за здравствени услуги која целосно ја покрива Фондот за здравствено осигурување.

“Центрите за социјални работи веќе задолжително постапуваат по оваа писмена инструкција, а од денес сите корисници коишто имаат потреба од добивање на ваква потврда, можат да ја добијат. Нашиот приоритет е грижата за корисниците и за граѓаните и така ќе продолжиме да работиме!”, рече министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски на конференцијата за медиумите. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }