Ташевска-Ременски:  Отвораме нови можности и перспективи за соработка во интерес на професионален и академски развој на студентите и вработените

Министерот за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски се обрати на првиот академски час  на Факултетот за безбедност во Идризово при што им порача дека нивна обврска е да покажат дека се зрели да бидат движечката сила на развојот и просперитетот на општеството и на Република Македонија.

“Ваша обврска е да ни покажете дека Република Македонија може да смета на Вашиот влог во нејзиниот институционален развој. Вашиот влог не започнува денес, на почетокот на Вашите студии, ниту пак ќе заврши со вашето дипломирање. Вложувањето во Вашата иднина е Вашата животна инвестиција”, рече министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски.

Таа потенцираше дека Факултетот за безбедност примарно се поврзуваше со Министерството за внатрешни работи и безбедносно-разузнавачката заедница во Република Македонија и дипломираните студенти своите перспективи ги гледаа пред се во редовите на безбедносните и полициските служби, но денес сликата е променета.

“Факултетот за безбедност ги развива мултидисциплинарните научни полиња од областа на криминологијата, криминалната политика, социологијата и др., и затоа проширувањето на можностите за пласман на знаењата и вештините допира до повеќе институции, меѓу кои и до Министерството за труд и социјална политика и сите јавни установи под нејзина надлежност”, рече Ташевска-Ременски.

Во таа насока, беше потпишан и Меморандумот за соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика, Универзитетот “Свети Климент Охридски“ од Битола и Факултетот за безбедност, Скопје, со што се отвораат нови можности и перспективи за студентите и наставниот кадар на факултетот за развој на практичната настава по студиските програми на факултетот, научно-истражувачката, апликативната дејност, соработката во изведување на клиничка настава, организирање на обуки, хуманитарна акции и волонтерска дејност.

“Меморандумот ја нуди можноста за специјализиран развој на практичната, научно-истражувачката и хуманата дејност на студентите од сите студиски програми, а пред се од студиската програма криминологија и криминална политика како еден нов императив во стручното зајакнување на кадровските капацитети на секторите во МТСП и јавните установи коишто ги третираат прашањата на бегалците, азилантите, бездомниците, жртвите на семејно насилство, родово базираното насилство, малолетничката деликвенција и децата како жртви на криминал, трговијата со луѓе, превенцијата од девијации и криминалитет, дисфункционалните семејства, недискриминацијата, еднаквите можности на жените и мажите и др”, потенцираше министерката Ташевска-Ременски.

Со Меморандумот за соработка, Факултетот за безбедност - Скопје за академската 2016/2017 година ќе ослободи од плаќање на школарина за упис на втор циклус студии за двајца (2) вработени во МТСП на студиските програми и ослободување од школарина на двајца (2) студенти од социјално загрозени семејства корисници на права од социјална и детска заштита.

На свечената академија по повод почетокт на новата учебна година на Факултетот за безбедност на студентите со свои пораки им се обратија и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и деканот проф д-р Оливер Бачановиќ.

                                       
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }