Царовска: Босилово за прв пат добива градинка

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, заедно со градоначалникот на Општина Босилово Зоран Зимбаков, денеска беа на увид на градежните активности на новата градинка во селото. Вкупниот капацитет на објектот е за 60 деца и се гради во населено место кадешто досега немаше градинка.

„Од она што можев да го видам на терен а и од раговорот со градоначалникот, изградбата на градинката во Босилово тече според предвидената динамика. Нашата стратешка цел како Влада е вклучување на што повеќе деца во предучилишното образование. Крајната цел е да го зголемиме опфатот на деца во градинкитеза 50%, бидејќи раниот детски развој е клучен за понатамоштниот развој на секое дете. Затоа инвестираме и градиме по план, освен во градовите и во руралните средини кои немаа вакви објекти“, изјави Царовска.

За изградба и опремување на градинката во Општина Босилово, Министерството за труд и социјална политика инвестира речиси 16,6 милиони денари.

Министерството за труд и социјална политика продолжува да ги подобрува условите и квалитетот во детската заштитa. Oд мај 2017 до мај годинава МТСП инвестираше во изградба, реконструкција и опремување на вкупно 31 објект за детска заштита. Во тек е изградба и опремување на уште 12 објекти. Истоврмено ги јакнеме професионалните компетенции на кадарот и го враќаме достоинството на професијата воспитувач со зголемувањето на платите во просек за 16% и за дополнителни 5% на септемвриската плата која што ќе биде исплатена во октомври.

https://wetransfer.com/downloads/9f9c280d72e8b09718ce51b6afc2e2a020190912144611/5ca6ee

Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }