Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска во Собранието на Република Северна Македонија го презентираше годишниот Извештај на Стратегијата за родова еднаквост за 2018 година.

На 9 октомври 2018 година Владата на РСМ го усвои Националниот акциски план за имплементација на Истанбулската Конвенција за период 2018-2023. Во неговата изработка беа вклучени релевантни институции, граѓанскиот сектор, претставници од законодавниот дом и судии. Со цел усвојување на единствена правна рамка што ги уредува сите форми на родово базирано насилство, до крајот на 2018 година престои формирање на работна група за изработка на предлог-Закон за родово базирано насилство.

„Оваа година имаме издвоено двојно повеќе средства, односно 6 милиони и 400 илјади денари за имплементација на конвенцијата и отворање на сервиси за поддршка на жртви од родово базирано насилство, се со цел да ја зајакнеме заштитата. Сепак би сакала да истакнам дека превенцијата е она што е најмногу потребно во нашата држава. Кога ќе се случи жртва ние правиме максимум да ја заштитиме и да тоа не се повтори, но многу подобро за државата ќе биде да најдеме начин да тоа го превенеираме и токму во оваа насока работиме“, истакна Царовска.

Во контекст на Истанбулската конвенција беа воспоставени 3 центри за упатување на жртви на сексуално насилство, каде може да се обезбеди интегриран и целосен одговор на жртвите. Во насока на јакнење на националните капацитети за идентификување на жртви/потенцијлни жртви на трговија со луѓе во јануари 2018 година беше потпишан Меморандум за разбирање помеѓу Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика за формирање на мобилни тимови. Овие тимови ќе придонесат кон продлабочување на соработката помеѓу овие две институции со цел идентификација на ранливите категории лица, меѓу кои спаѓаат и жртвите на трговијата со луѓе. Мобилните тимови се составени од социјален работник, полициски службеник и претставник од граѓанскиот сектор и официјално почнаа да функционираат во март 2018 година.

Понатаму, МТСП со UN Women започна со активности за воспоставување на Ресурсен центар за родово одговорно креирање политики и буџетирање.

Центарот ќе обезбедува експертска поддршка, добри практики, истражувања и обуки за градење на капацитетите на државните службеници во областа на родовото одговорно буџетирање. Заедно со Агенцијата за вработување, МТСП настојува на еднакво учество на мажите и жените во активните програми и мерки за вработување, како и учество на младите лица до 29 години, од најмалку 30%.

„Се радувам што стигнавме до 50% искористеност на активните програми и мерки за вработување од страна на жени. Тоа значи дека едноставно мерките се поадаптирани и ова е важен чекор за активација на жените на пазарот на трудот. Исто така се усвои и новиот Закон за прекинување на бременоста, којшто и дава слобода и право на жената да решава за сопственото тело“, дополни Царoвска.

Со оперативниот план за вработување 2018 година беа опфатени активностите кои се однесуваат на специфичната стратешка цел- подобрување на политиките и мерките за надминување на пречките за зголемена вработеност на жените.

Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }