28.8.2019

Министерката за труд и социјална работа, Мила Царовка и министерот за економија, Крешник Бектеши по повод Денот на рударите - 28 август го посетија рудникот за олово и цинк САСА од Македонска Каменица. 

Министрите се запознаа со мерките и вложувањата во областите на безбедност и здравје при работа и за заштита на животната средина, инвестициите во современа технологија и во производниот процес на рудникот САСА.

 

Повеќе

28.8.2019

Царовска: Честит Ден на рударите, со намалувањето на старосната граница за пензионирање исправивме голема неправда

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска вчера вечер присуствуваше на Свечена седница на Општина Пробиштип по повод Денот на рударите 28-ми август. Царовска во своето обраќање во коешто им го честиташе празникот на сите рудари во државата рече дека МТСП и Владата го исполнија долгогодишното барање на рударите за намалување на старосната граница за пензионирање и исправија една голема неправда со измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување. 

 

Повеќе

22.8.2019

МТСП: Во првите три месеци од социјалната реформа детскиот додаток се исплаќа на 20.230 деца

Во првите три месеци од спроведувањето на социјалната реформа детски додаток се исплаќа на 20.230 деца, што е за три пати повеќе од претходно. Оваа бројка очекуваме да расте, и ги повикуваме  родителите кои се корисници на Гарантиран минимален приход, или имаат минимална плата да аплицираат во меснонаделжните центри за социјална работа за користење на ова право.

Повеќе

21.8.2019

Царовска на роденденска прослава на дете од семејство засолнето во Шелтер центар во Кочани

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска вчера попладнето го посети Засолништето за лица жртви на семејно насилство во Кочани,  каде што беше на роденденска забава на едно од четирите малолетни деца кои се засолнети заедно со нивната мајка. Од страна на стручниот тим, министерката детално беше информирана за овој случај на семејно насилство, како и за процедурите и постапките за истиот.

 

Повеќе

20.8.2019

Царовска: Од септември почнува со работа Центарот за ран детски развој во Тркање, згрижувањето и воспитувањето бесплатно

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска со градоначалникот на Кочани Николчо Илијев го посетија Центрарот за ран детски развој во село Тркање. Центарот за ран детски развој чиј што капациетет е за околу 20 деца ќе почне да работи од први септември годинава и е во состав на детската градинка „Павлина Велјанова“. Згрижувањето и воспитувањето на децата во Центарот е бесплатно и ќе се реализира по три часа секој работен ден.

 

Повеќе

16.8.2019

Царовска: Продолжуваме да инвестираме во градинки, Кочани, Неготино, Кисела Вода и Кавадарци добија грант од Светска банка за нови објекти

Кочани, Неготино, Кисела Вода и Кавадарци се првите четири општини од вкупно 17 коишто ќе градат нови градинки со грант од Проект финансиран од Светска Банка, со кој се подобрува пристапот до услугите за згрижување и воспитание на деца. Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и градоначалниците Николчо Илијев, Тони Делков, Филип Темелковски и Тодор Ефремов, овластен преставник на градоначалникот Митко Јанчев, денеска ги потпишаа договори за грантот чија вкупна вредност само за градежните работи на четирите објети изнесува 220.700.000,00 денари. Вкупниот капацитет на градинките е 552 деца, и се очекува да бидат изградени и опремени до средината на 2021 година.

Повеќе

9.8.2019

МТСП:Прогласена портокалова фаза- се препорачува ослободување од работа на бремените жени и постарите лица

По прогласувањето на портокалова фаза на територијата на цела држава до 14 август годинава, поради топлотен бран, Министерството за труд и социјална политика ги повикува правните субјекти да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство донесени врз основа на заклучоците на Комисијата за следење на ефектите од високите температури. Согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови Министерството за здравство препорачува ослободување од работните обврски на најранливите групи население, како што се – бремените жени и лицата на возраст над 60 години.

 

Повеќе

МТСП: Исплата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека се врши исплата на долунаведените права за месец Јули 2019 година.

Повеќе

7.8.2019

МТСП: Градиме 43 нови објекти на градинки, вложуваме во раниот детски развој

Министерството за труд и социјална политика посветено работи на проширување на капацитетите на детските градинки во Република Северна Македонија и на подобрување на квалитетот на предучилишното образование. Во моментот се градат и опремуваат нови 8, а се подготвува изградбата на уште 35 објекти. Тоа се вкупно 43 нови објекти за градинки распоредени низ целата територија на државата.

 

Повеќе

1.8.2019

Министерката Царовска ги презентираше можностите од Законот за практиканство на преставниците од Македонската банкарска асоцијација 

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и преставници од министерството денеска имаа работен состанок со членовите на Македонската банкарска асоцијација. На состанокот пред банкарите беше презентиран новиот Закон за практиканство којшто е на сила од крајот на минатата година и можноста за негова примена во банкарскиот сектор.

 

Повеќе
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->