ИПА III

ИПА III Годишна акциска програма за Република Северна Македонија за 2023 година

Буџетска поддршка за отпорност и справување со енергетската криза 

На почетокот на февруари 2023 година, Владата на Република Северна Македонија и Европската Комисија потпишаа Финансиска спогодба за Годишната акциска програма за ИПА 2023 година. Оваа програма предвидува буџетска поддршка на Националниот енергетски акциски план за 2022-2023 година и е дел од Пакетот за енергетска поддршка на Европската Унија за земјите од Западен Балкан финансиран од ИПА III 2021-2027.

Целта на буџетската поддршка на Европската Унија е ублажување на непосредните социо-економски последици од енергетската криза. Воедно, таа ги поддржува структурните реформи во енергетскиот сектор, а особено т.н. енергетската транзиција, вклучително и заштита на ранливите корисници на енергија.

Владата ќе биде поддржана во спроведење на мерките за намалување и спречување на енергетската сиромаштија преку помош на економијата и на ранливите домаќинства и обезбедување непрекината испорака и пристап до основните услуги. 

ИПА Годишната акциска програма за 2023 е во вкупен износ од 80 милиони евра. 

Програмата е координирана од Министерството за економија. 

Министерството за труд и социјална политика учествува во остварувањето на Резултатот 2.2. Зајакнат систем за заштита на најранливите жени, мажи и деца и други корисници од оваа Акција, кој се очекува да опфати над 190 000 домаќинства со право на поддршка за справување со ценовната и енергетската криза.

 Во периодот декември 2022 – март 2023, Министерството за труд и социјална политика обезбеди финансиска поддршка за справување со енергетската криза на над 177 000 социјално исклучени граѓани, вклучително и деца, лица кои останале без работа и користат паричен надоместок за невработеност и корисници на минимална пензија, согласно Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза (246/22).

Покрај тоа, 46 000 корисници на правото на гарантирана минимална помош и социјална сигурност примаат паричен додаток за енергенси во периодот на зимските месеци, согласно Законот за социјалната заштита (104/19) и Законот за социјална сигурност на старите лица (104/19). 

Севкупно, опфатени се околу 220 000 корисници во ризик и директно преку постојните системи на Министерството за труд и социјална политика, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија се исплатени околу 24 милиони евра. 

Документи: 

 

ИПА III Годишна акциска програма за Република Северна Македонија за 2022 година

Владата на Република Северна Македонија и Европската Комисија ја потпишаа Финансиската спогодба за Годишната акциска програма за ИПА 2022 година на 21 декември 2023. 

Годишната акциска програма на Република Северна Македонија за ИПА 2022 година се состои од пет акции. Акцијата 5 „ЕУ за подобрено здравје, родова рамноправност и социјална политика“ предвидуваат поддршка за политиките на земјата во секторот „Образование, вработување и социјална политика“. 

ЕУ ЗА ПОДОБРЕНО ЗДРАВЈЕ, РОДОВА РАМНОПРАВНОСТ И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА

Акцијата „ЕУ за подобрено здравје, родова рамноправност и социјална политика“ ќе придонесе за подобрување на здравјето и благосостојбата на населението во Северна Македонија и поддршка на промоцијата на еднаквите можности и пристапот до квалитетни работни места и социјална заштита за сите.

Очекувани резултати

  • Подобрен систем и практики за безбедност и здравје при работа (БЗР) преку зајакнување на капацитетите на релевантните чинители за справување со политиките и практиките за БЗР и обезбедување подобрена законска усогласеност со барањата за БЗР. Посебен фокус ќе се даде на унапредувањето на административните капацитети на Државниот инспекторат за труд и на системот за известување.
  • Поголема ефикасност на системот за спречување и заштита од родово-базирано и семејно насилство преку поддршка и развој на услугите за жртвите на родово-базирано и домашно насилство;
  • Подобрен систем за обезбедување квалитет на социјалните услуги  преку унапредување на системот за мониторинг и евалуација.

Финансирање и начин на имплементација

Вкупниот буџет на Акцијата „ЕУ за подобрено здравје, родова рамноправност и социјална политика“ е 5,12 милиони €, во кои ЕУ (ИПА) учествува со 5 милиони €.

Спроведувањето на проектите ќе се одвива според правилата за јавна набавка на ЕУ, а Делегацијата на Европската Унија (ДЕУ) ќе биде договорен орган.

Планирано е да се доделат договори за грантови и договор за услуги. 

Документи

Одлука на Европската Комисија [C(2022) 9166 од 5.12.2022] за финансирање на Годишниот акционен план за поддршка на Република Северна Македонија за 2022 година

Финансиска спогодба - Посебни услови

ИПА 2022 Годишна акциска програма „ЕУ за подобрено здравје, родова рамноправност и социјална политика“

Општи услови


ИПА II

ИПА II Годишна акциска програма за Република Северна Македонија за 2020 година

 Акција „Поддршка на ЕУ за социјална и економска отпорност на Северна Македонија“

Во септември 2020, Владата на Република Северна Македонија и Европската комисија потпишаа измени и дополнувања на Финансиската спогодба за Годишната акциска програма за ИПА 2020 година. Со измените се воведе новата Акција „Поддршка на ЕУ за социјална и економска отпорност на Северна Македонија“ во рамки на секторот „Конкурентност, иновации, земјоделство и рурален развој“.

Пакетот на мерки содржани во акцијата „Поддршка на ЕУ за социјална и економска отпорност“ (EU4Resiliance) во вкупен износ од 40 милиони евра ја поддржува Република Северна Македонија и економијата во периодот на закрепнување за ублажување на негативните социо-економски влијанија на Ковид-19.

Повеќе

ИПА II Годишна aкциска програма за Република Северна Македонија за 2019 година

 Владата на Република Северна Македонија и Европската комисија ја потпишаа Финансиската спогодба за Годишната акциска програма за ИПА 2019 година на 5 март 2020. 

Годишната акциска програма на Република Северна Македонија за ИПА 2019 година се состои од четири акции. Акциите 3 „ЕУ за младите“ и 4 „ЕУ за вклученост“ предвидуваат поддршка за политиките на земјата во секторот „Образование, вработување и социјална политика“. 

Повеќе

ИПА II Акциска програма 2017, Акција 4 „ЕУ поддршка на образованието, вработувањето и социјалната политика“

Владата на Република Северна Македонија и Европската комисија ја потпишаа Финансиската спогодба за Годишната акциска програма за ИПА 2017 година на 5 ноември 2018. Годишната акциска програма на Република Северна Македонија за ИПА 2017 година се состои од четири акции. Акцијата 4 предвидува поддршка за политиките на земјата во секторот „Образование, вработување и социјална политика“. 

Повеќе
ИПА I

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) 2007-2013, компонента IV „Развој на човечките ресурси“

Компонента IV од Инструментот за претпристапна помош е финансиска поддршка од Европската унија за периодот 2007 – 2013 во областите вработување и социјално вклучување. За периодот 2007-2013 година, вкупниот буџет за оваа компонента изнесува околу 64 милиони евра. 85% од овој износ е учество на Европската унијата, а остатокот се средства од Буџетот на Република Македонија.

Повеќе
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }