Службено лице


Согласно обврските што произлегуваат од  чл.  8  од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Сл. весник на Република Македонија бр. 13/2006), кој почна да се применува  на  1 септември 2006 година, имателот на информации-МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА на Република Македонија, за службено лице кое ќе посредува при остварувањето на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, го определува  АФРИМ СЕЛИМИ.

МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА
ул. „Даме Груев" број 14 
1000 Скопје

тел: 02/3106 663  

e-mail:ASelimi@mtsp.gov.mk

Листа-слободен пристап до информации
Информации од јавен карактер Повеќе

Листа на информации од јавен карактер со кои располага Министерството за труд и социјална политика 2023

Документи-слободен пристап до информации

Документи од областа на слободен пристап до информации од јавен карактер

Упатства

Барање за пристап до информации од јавен карактер

Слободен пристап до информации имаат сите правни и физички лица. Слободен пристап до информации имаат и странски правни и физички лица во согласност со Законот за слободен пристап од информации од јавен карактер и друг закон.

Барателот пристапот до информацијата од јавен карактер може да го бара усно, писмено или во електронски запис.

Барање може да се поднесе пополнето и на обичен лист хартија, но на истото барателот е должен да наведе дека станува збор за Барање по основ на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. 

Барателот не е должен да го образложи барањето.

Годишни Извештаи за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

  1. Годишен Извештај за 2023 година
  2. Годишен Извештај за 2022 година
  3. Годишен Извештај за 2021 година
  4. Годишен Извештај за 2020 година
  5. Годишен Извештај за 2019 година
  6. Годишен Извештај за 2018 година

Прашања/барања и одговори

Листа на барања и одговори во 2023 година

1. Барање 14-523/1: Дали Владата прави разлика меѓу активни и пасивни баратели на работа за својата мерка од 88-та владина седница до финансиска поддршка од државата и кога ќе Ви започне исплатата на доделените средства?

2. Барање 14-398/1: Кои синдикат/синдикати ги исполнуваат условите за утврдување на репрезентативност на ниво на гранка, односно оддел, Образование предвидени во член 212 од Законот за работни односи и да ми се достават акти со кои им е утврдена репрезентативноста. (Прилог)

Повеќе

Листа на барања и одговори во 2022 година

1. Барање бр.14-122/4: Дали Секторската работна група за интеграција на Ромите во текот на 2021 година има изработено Акциски документ за некоја од програмските документи на ИПА III каде е вклучена родовата перспектива? Дали при изготвување на акцискиот документ биле изработени и користени родови анализи?

2. Барање бр.14-122/5: Дали во рамки на Министерство за труд и социјална политика во текот на 2021 година биле организирани обуки за родово одговорно/родово сензитивно работење? Доколку се организирани, доставете ни информации за тоа кој ги организирал овие обуки, дневен ред материјалите за обуките, како и информацијата дали на обуките присуствувале некои од вработените во министерството – членови на секторската работна група за интеграција на Ромите? Дали при креирањето на политики во текот на 2021 година од страна на Министерството за труд и социјална политика биле изработени и/или користени родови анализи? Ако одговорот е на ова прашање е потврден, доставете ни како одговор на барање?

Повеќе

Листа на барања и одговори во 2021 година  

Барање 14-8162/1: Која е стапката на невработеност и вработеност на лица од 15-29 години за првиот и третиот квартал во 2020? Колку лица на возраст од 15-29 години ја загубиле работата од март 2020 до септември 2020?

Барање 14-269: Листа на репрезентативни трошоци на министерот во првите 100 дена од новата Влада

Барање 14-8221/1: Со која правна регулатива (закони, правилници) е регулирано работењето на Приватна установа за социјална заштита на стари лица-Дом за стари лица, кој дава дозвола за работа и кој врши инспекциска контрола врз работењето, начин на згрижување, наплата на цена, здравствено-хигиенска состојба, поседување на Ковид тестови за сите корисници (во период на пандемија) и каде се пријавуваат неправилностите во нивната работа?

Повеќе

Листа на барања и одговори во 2020 година

Барање бр.3224/1: 1) Дека социјалната помош уредбено била за тие денари до само семејни лица кои се домаќински невработени во неформалната економија а не за невработени што немале нивно домаќинство или лично семејство и поради тоа не им следувало; 2)дека мерката на Владата уредбено била усогласена со Упатство бр.44-5765/1 од 12 септември 20217 година за начинот на постапување на Министерствата, другите органи на државната управа и управните организации за врема на изборниот процес.

Барање бр.3224/7: Дека информацијата на веб страната https://kupuvamdomasno.gov.mk не се однесува на материјално необезбедени домаќинство. -Барањето е препратено до Министерство за финансии

Повеќе

Други корисни информации и линкови

Линк до Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }