Економско-социјалниот совет е трипартитно тело, формирано од Владата на РМ и социјалните партнери за водење на социјален дијалог, заради создавање на услови за економска и социјална стабилност и остварување на темелните вредности  на РМ како демократска и социјална држава.
Потписници на Спогодбата за основање на Економско-социјалниот совет се Владата на РМ, Сојузот на синдикатите на Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија и Организацијата на работодавачи. 
 Структура 
Економско-социјалниот совет, согласно Спогодбата, е составен од 12 членови: четири члена именува Владата на РСМ, четири члена именуваат репрезентативните здруженија на работодавачи на територијата на Република Северна Македонија и четири члена именуваат репрезентативните синдикати на територијата на Република Северна Македонија. 
 Претседател на Економско-социјалниот совет
- Бесар Дурмиши, министер за економија и труд 
 
Членови на советот 
| Име и презиме | 
функција во ЕСС    | 
функција  | 
Бесар Дурмиши
  | 
претседател | 
Министер за економија и труд | 
| Марјан Ристески | 
заменик член | 
Заменик министер за економија и труд | 
Гордана Димитриеска-Кочоска
  | 
член  | 
Министерка за финансии | 
Николче Јанкуловски
  | 
заменик член | 
Заменик министер за финансии | 
| Фатмир Лимани | 
член  | 
Министер за социјална политика, демографија и млади | 
| Ѓоко Велковски | 
заменик член | 
Заменик министер за социјална политика, демографија и млади | 
| Весна Јаневска | 
член | 
Министерка за образование и наука | 
| Лулзим Алиу | 
заменик член | 
Заменик министер за образование и наука | 
| Слободан Трендафилов | 
член и заменик претседател на ЕСС | 
Претседател на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) | 
| Иван Пешевски | 
член | 
Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ) | 
Трпе Деаноски
  | 
член  | 
Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ)
  | 
Игор Герасов
  | 
член  | 
Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ) | 
Љубиша Каранфиловски
  | 
заменик член  | 
Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ) | 
| Златко Цветковски | 
заменик член | 
Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ)
  | 
| Игор Китаноски | 
заменик член | 
Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ)
  | 
| Стојанче Кашиковски | 
заменик член | 
Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ)
  | 
| Владанка Трајкоска | 
член и заменик претседател на ЕСС | 
Претседателка на Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ)  | 
| Ангел Димитров | 
член | 
Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ) 
  | 
Љупчо Фармакоски
  | 
член | 
Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ) | 
| Весна Богдановска | 
член | 
Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ) | 
| Томе Петковски | 
заменик член | 
Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ) | 
Фисник Осеку
  | 
заменик член | 
Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ) | 
| Ѓорѓи Петрушевски | 
заменик член | 
Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ) | 
| Борис Хрисафов | 
заменик член | 
Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ)
  | 
 Управување  
Економско-социјалниот совет ја има следнава структура на управување:
- претседател и двајца заменици на претседателот
 
- секретар
 
Претседателот на Советот е министерот за труд и социјална политика, кој е член на Советот по функција. 
Претседателот на Советот го претставува и застапува Советот пред надлежните органи и јавноста, ги свикува седниците, предлага дневен ред, ја координира и усогласува работата. 
Секретарот на ЕСС е лице од Министерството за труд и социјална политика, определено од министерот за труд и социјална политика.
 Организациските, административните и техничките работи на ЕСС и неговите работни тела се извршуваат во Одделението за социјално партнерство при Министерството труд и социјална политика.
 Надлежности
- ги следи, проучува и оценува влијанието на економската политика и мерките на економската политика на социјалната стабилност и развој; 
 
- ги следи, проучува и оценува влијанието на социјалната политика и мерките на социјалната политика на економската стабилност и развој; 
 
- ги следи, проучува и оценува влијанието на промените на цените и платите на економската стабилност и развој; 
 
- му дава образложено мислење на министерот за труд за прашања и проблеми поврзани со склучувањето и примената на колективните договори; 
 
- им предлага на Владата, работодавачите и синдикатите, односно на нивните здруженија на повисоко ниво, водење на усогласена политика на цени и плати; 
 
- дава мислења по предлози на закони од областа на трудот и социјалната сигурност; 
 
- ја промовира и поттикнува идејата на тространа соработка (трипартитен социјален дијалог) помеѓу социјалните партнери за решавање на економските и социјалните прашања и проблеми; 
 
- го поттикнува мирното решавање на колективните работни спорови; 
 
- дава мислења и предлози на министерот за труд во врска со другите прашања утврдени со овој закон. 
 
Економско социјалниот совет може да основа одбори и комисии за поедини прашања од својот делокруг.  
-Економско социјалниот совет донесува Деловник со кој се уредува начинот на работата на советот. 
Заклучоци 
Економско-социјалниот совет разгледува законски и други прописи, национални стратегии и програми кои што се во врска со економско-социјалните интереси на работниците и работодавачите, проекти и материјали од економската и социјалната сфера и при тоа се носат соодветни предлози, мерки и заклучоци.Заклучоците во однос на законските прописи се доставуваат до Владата на РСМ и Собранието на РСМ.