Средба на министерката Шахпаска со претставници на синдикатите и работодавачите: Продолжуваме посветено да работиме на новиот Закон за работни односи

Во Мининистерството за труд и социјална политика Министерката Шахпаска одржа работна средба со претставници од репрезентативните, нерепрезентативните синдикати и претставници на работодавачите

Царовска и Шахпаска на дебата за Денот на толковниот јазик

Врвен приоритет е унапредување на услугите и вклученоста во општетството на глувите и наглувите лица

Министерката Шахпаска на средба со амбасадорката на САД Брнз

Како НАТО сојузници соработката меѓу двете земји ќе се унапреди, особено во политиките за младите и можностите за економски раст

Министерката Шахпаска на Топ Тема

Родителите имаа време од две недели да се подготват и организираат, а со отворањето на градинките се изгуби смислата за продолжено породилно отсуство

Шахпаска: Се грижиме за сите, градиме општество без дискриминација со еднакви можности за сите граѓани

Прес-конфернецијата по повод мандатно писмо врачено од претседателот на Владата, Зоран Заев

Средба на министерката Шахпаска со претставничката од Фридрих Еберт Елерајт

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска имаше средба со Ева Елерајт, постојана претставничка на Фондацијата Фридрих Еберт во Република Северна Македонија

Средба на министерката Шахпаска со претставничката на УНИЦЕФ во земјава, Патриција ди Џовани: УНИЦЕФ е рамноправен партнер на земјава во унапредувањето и заштитата на правата на децата

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оствари средба со претставничката на УНИЦЕФ во земјава, Патриција ди Џовани

Средба на министерката Шахпаска и амбасадорката на Шведска во земјава, Кристин Бенгтсон: Шведска е голем поддржувач на земјава на нејзиниот пат кон членството во ЕУ и останува отворена за продлабочена соработка

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оствари средба со шведската амбасадорка во нашата земја, Кристин Форсгрен Бенгтсон

Настани/најави/соопштенија

23.9.2020

Средба на министерката Шахпаска со претставници на синдикатите и работодавачите: Продолжуваме посветено да работиме на новиот Закон за работни односи 

Во Мининистерството за труд и социјална политика Министерката Шахпаска одржа работна средба со претставници од репрезентативните, нерепрезентативните синдикати и претставници на работодавачите.

Повеќе
23.09.2020

Средба на министерката Шахпаска со раководителката на UN WOMEN во Скопје Весна Ивановиќ и регионалната координаторка на проект Ермира Лубен: Северна Македонија е пример во регионот по актуелизирање на прашањето за  родово одговорно буџетирање

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска имаше средба со раководителката на UNWOMEN во Скопје Весна Ивановиќ, на која беше истакнато дека и во наредниот период ќе продолжи заедничката интензивна соработка, со единствена цел да се дојде до позитивни резултати, особено во однос на позицијата на жената во македонското општество.

Повеќе
23.09.2020

Царовска и Шахпаска на дебата за Денот на знаковниот јазик: Врвен приоритет е унапредување на услугите и вклученоста во општетството на глувите и наглувите лица

Mинистерките за образобвание и наука и за труд и социјална политика, Мила Царовска и Јагода Шахпаска денес учествуваа на дебата „Образованието кај глувите лица и застапеноста на знаковниот јазик во нашата држава“, организирана од Сојузот на Глуви и наглуви лица по повод 23 септември- Интернационалниот ден на знаковниот јазик.

Повеќе
23.09.2020

Министерката Шахпаска на средба со амбасадорката на САД Брнз: Како НАТО сојузници соработката меѓу двете земји ќе се унапреди, особено во политиките за младите и можностите за економски раст

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска се сретна со амбасадорката на САД во Република Северна Македонија Кејт Мари Брнз и повторно беше реафирмирана потребата за натамошна блиска соработка во развојот и унапредувањетона македонското општество, особено во делот на инклузивноста и еднаквоста.

Повеќе
22.09.2020

Министерката Шахпаска на "Топ Тема": Родителите имаа време од две недели да се подготват и организираат, а  со отворањето на градинките се изгуби смислата за продолжено породилно отсуство

„Одлуката на Владата за отворање на градинките да стартуваат со работа на 9 септември беше донесена на 2 септември, што им остави простор од две недели на родителите да се подготват и организираат. Воедно со самото отворање на градинките се изгуби смислата за продолженото породилно отсуство“, истакна министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на гостувањето во емисијата "Топ Тема" на Телма телевизија.

Повеќе
20.09.2020

Шахпаска: Се грижиме за сите, градиме општество без дискриминација со еднакви можности за сите граѓани

„Грижата за сите и социјалната правда е она што ќе ме води во текот на целиот мој мандат, а тоа значи да изградиме општество кое ќе им овозможи еднакви можности на сите, општество кое ќе гради соживот и доверба, општество кое нема да дискриминира по ниту една основа, општество во кое граѓаните ќе бидат најзначајниот капитал“, истакна министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на прес-конфернецијата по повод мандатно писмо врачено од претседателот на Владата, Зоран Заев.

Повеќе
18.09.2020

Средба на министерката Шахпаска со претставничката од "Фридрих Еберт", Елерајт: Преку интензивен социјален дијалог треба да дојдеме до одржливи законски решенија во интерес на безбедноста и здравјето при работа

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска имаше средба со Ева Елерајт, постојана претставничка на Фондацијата Фридрих Еберт во Република Северна Македонија на која беше потврдена заложбата за заедничка интензивна соработка, особено во делот на унапредување на безбедноста и здравјето при работа на работниците.

Повеќе
18.09.2020

Средба на министерката Шахпаска со претставничката на УНИЦЕФ во земјава, Патриција ди Џовани: УНИЦЕФ е рамноправен партнер на земјава во унапредувањето и заштитата на правата на децата

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оствари средба со претставничката на УНИЦЕФ во земјава, Патриција ди Џовани, на која разговараа за досегашната долгогодишна соработка која ја имаат овие две институции, проектите кои се во тек и предизвиците со кои се соочуваме, а се во интерес пред се на децата.

Повеќе

17.9.2020

Средба на министерката Шахпаска и амбасадорката на Шведска во земјава, Кристин Бенгтсон: Шведска е голем поддржувач на земјава на нејзиниот пат кон членството во ЕУ и останува отворена за продлабочена соработка

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оствари средба со шведската амбасадорка во нашата земја, Кристин Форсгрен Бенгтсон, на која беа потврдени добрите меѓудржавни односи, поддршката која Шведска и ја дава на нашата држава и соработката на повеќе полиња значајни за градење на едно современо и модерно општество кон кое се стремиме, соочено со предизвиците кои ги носи новото време.

Повеќе
16.09.2020

Средба на министерката Шахпаска со швајцарската амбасадорка во земјава Сибил Зутер Техада, Швајцарија е силен подржувач на социјалните политики во земјава

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оствари средба со амбасадорката на Швајцарија во земјава, Н.Е. Сибил Зутер Техада, на која се разговараше за тековните и идни проекти финансирани од швајцарски фондови и приоритетите на Министерството во областа на трудот и социјалните политики за идниот период.

Повеќе
16.09.2020

Средба на министерката Шахпаска со директорите на Центрите за социјална работа: Достапноста, одговорноста, отчетноста и ефикасноста се принципите врз кои треба да се темели нашата работа

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оствари средба со директорите на Центрите за социјална работа на ниво на држава, на која се разговараше за потребите и предизвиците со кои тие се соочуваат и нивното понатамошно успешно решавање и надминување.

Повеќе
16.09.2020

Средба на министерката Шахпаска со претставниците на ,,Интеграција на Ромите 2020“, соработката и поддршката на политиките за поголема вклученост на Ромите во општеството продолжуваат

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска оствари работна средба со претставниците на ,,Интеграција на Ромите 2020“ Орхан Усеин и Данило Вукмировиќ, на која се разговараше за досегашните и идни политики за поголема вклученост на Ромите во општеството. 

Повеќе

15.9.2020

Социјалниот дијалог е во интерес на сите чинители, работниците, работодавачите и Владата, продолжува соработката меѓу МОТ и МТСП

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска оствари средба со националниот координатор на Меѓународната организација на трудот Емил Крстановски, која е единствена и специјализирана трипартитна агенција на Обединетите Нации основана во 1919 година. Оваа организација во рамките на својата структура и функционирање ги вклучува владите, работодавачите и работниците од 187 држави-членки, меѓу кои и Република Северна Македонија.

Повеќе
15.09.2020

Шахпаска: Со отворањето на градинките мерките за отсуство од работа на родителите и за продолжено  породилно отсуство ја изгуби својата смисла

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаски оцени дека Одлуката на Владата за враќање на родителите на децата од нула до шест годишна возраст во работниот процес од 23 септември е логична и очекувана, со оглед на тоа што градинките и Центрите за ран детски развој од 9 септември се отворени и имаат капацитет да ги примат децата.

Повеќе
15.09.2020

Средба на министерката Шахпаска и австрискиот амбасадор Вуцас: Австрија е силен поддржувач на политиките на Северна Македонија во областа на трудот и социјалата, соработката во размена на искуства продолжува

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оствари средба со амбасадорот на Република Австрија во Република Северна Македонија, д-р  Георг Вуцас, на која уште еднаш беа истакнати пријателските односи коишто ги негуваат двете земји и  долгогодишната  поддршка на Република Австрија во многу проекти од областа на трудот и социјалната заштита.

Повеќе
11.09.2020

Средба на министерката Шахпаска со постојаната координаторка на ООН во земјата Дуџак : МТСП и  ООН продолжуваат со взаемна засилена соработка на полето на социјалните политики

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оствари средба  со постојаната координаторка на Обединетите нации во земјава, Росана Дуџак со која разговараа за тековните проекти во кои Министерството за труд и социјална политика соработуваат со агенциите на ООН, како и за идната соработка во насока на  имплементирање на уште подобри социјални политики, унапредување на работничките права и залагање за поголема заштита на човековите права.

Повеќе
09.09.2020

Соопштение

Министерството за труд и социјална политика известува дека надлежниот центар за социјална работа назначува старател за посебен случај на корисници на парични права од социјална заштита, кои не се во можност самостојно да се грижат за своите права и интереси ( корисници на надоместок за помош и нега од друго лице, надоместок заради попреченост, стари и немоќни лица), а кои имале  трансакциска сметка во  „Еуростандард Банка“ АД Скопје.  

Повеќе
09.09.2020

Министерката за труд и социјална политика Шахпаска во посета на детска градинка на првиот ден од нивното отворање

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска на првиот ден од отворањето на детските градинки ја посети градинката Буба Мара клон Буба Мара која се наоѓа во општината Аеродром, Скопје.

Повеќе

07.09.2020

Министерката Шахпаска во посета на реновираната градинка Корчагин –Пепелашка, подготвена за прием на деца на 9 септември

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска заедно со градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ, денеска беа во посета на реновираната градинка Раде Јовчевски Корчагин“ - објект Пепелашка, која е целосно подготвена за прием на деца на 9 септември.

Повеќе

04.09.2020

Соопштение

Министерството за труд и социјална политика известува дека надлежниот центар за социјална работа назначува старател за посебен случај на корисници на парични права од социјална заштита, кои не се во можност самостојно да се грижат за своите права и интереси ( корисници на надоместок за помош и нега од друго лице, надоместок заради попреченост, стари и немоќни лица), а кои имале  трансакциска сметка во  „Еуростандард Банка“ АД Скопје.

Повеќе

04.09.2020

Министерство за труд и социјална политика го стави предлог- законот за спречување и заштита од дискриминација во владина процедура

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите сакам да ја информирам јавноста дека денеска во владина процедура Министерството за труд и социјална политика ќе го достави Предлог - законот за спречување и заштита од дискриминација.

Повеќе

04.09.2020

Средба на министерката Шахпаска со директорите на градинките во пресрет на отворањето на истите на 9 септември

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска заедно со претставници од МТСП, денеска се сретна со директорите на Јавните установи за згрижување на деца-градинките, на ниво на цела држава, во пресрет на отворањето на истите согласно владината одлука, градинките да започнат со работа на 9 септември. 

Повеќе

04.9.2020

Појаснување за мерката за ослободување на родители на малолетно дете до 10 години, кои се вработени лица во време на Ковид-19

На почеток на корона кризата или поточно 10 март Владата на предлог на Комисијата за заразни болести при МЗ донесе заклучок со кој, вработените лица кои имаат малолетно дете со навршена возраст до 10 години или активно четврто одделение, за кого е неопходна домашна грижа, еден родител да биде ослободен од работа и работни активности и неговото отсуство за време на овој период да биде евидентирано од страна на работодавачот како оправдано отсуство.

Повеќе

03.9.2020

Економско-социјалниот совет на денешната седница заклучи дека социјалниот дијалог помеѓу сите чинители е од особено значење и во интерес на граѓаните, стопанството, економијата

Во Министерството за труд и социјална политика денеска се оддржа седница на Економско-социјалиот совет на која претседаваше министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Повеќе

02.09.2020

МТСП: Исплата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека од денеска, 2 септември 2020 година (среда) започнува исплатата на правата од социјална и детска заштита за месец август 2020 година.

Повеќе

31.8.2020

Министерката Шахпаска се сретна со претставници на синдикатите, приоритет на оваа Влада и Министерство е новиот Закон за работни односи

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на првиот работен ден од преземањето на оваа функција оствари средба со претставници на синдикатите во државата. На средбата се разговараше за досегашните политики и мерки кои се во надлежност на ова Министерство, а се однесуваат на унапредување на правата на работниците, почитување и заштита на истите.

Повеќе

31.8.2020

Јагода Шахпаска ја презеде функцијата министер за труд и социјална политика

Во Министерството за труд и социјална политика денеска се изврши примопредавање на функцијата министер за труд и социјална политика. Новоименуваната министерка Јагода Шахпаска ја презеде функцијата од заменик министерот Ѓонул Бајрактар, кој ја вршеше оваа должност, поради испразнетото министерско место. 

Повеќе

Известување

Одлуки на Владата на РСМ за Корона вирус

Се прекинува воспитно-образовниот процес во детските градинки, основното, средното и високото образование, се забрануваат масовни јавни настани и организираните патувања во високо ризичните земји.

Повеќе информации овде

Политика за квалитет 

Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија е институција специјализирана за регулирање на пазарот на трудот, социјалната заштита, детската заштита, пензиско и инвалидско осигурување и боречко-инвалидска заштита.

             

Во прилог ја доставуваме политиката на квалитет на Министерството за труд и социјална политика, согласно барањата на меѓународниот стандард  ISO 9001:2015.

Празници/неработни денови

Соопштение за неработен ден за сите граѓани - 08.09.2020 (вторник), Денот на Независноста

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Северна  Македонија (,,Службен  весник на РМ,, бр.21/98 и 18/07), 8 септември 2020 година (вторник), Денот на независноста, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. 

Повеќе

28 август - Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник  на  РМ“ бр.21/98 и 18/07), 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за граѓаните од православна верисповед во Република Северна Македонија.

Повеќе

02 Aвгуст - Ден на Републиката

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник  на  РМ“ бр.21/98 и 18/07), 02 Aвгуст (недела), Ден на Републиката, односно 03 август (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Повеќе

Повици/ огласи

ЈАВЕН КОНКУРС 

За доделување средства на здруженија и приватни даватели на социјални услуги, за давање на социјални услуги (alb) 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Список на корисници на пензија на кои им е одобрено користењена услугата бањско - климатска рекреација    (ALB)

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Министерството за труд и социјална политика согласно со член 163 од Законот за социјална заштита („Службен весник на Република Северна Македoнија“ бр. 104/19 и 146/19), дава дозвола за вршење работи од социјалната заштита на установи од социјална заштита и на други даватели на социјални  услуги. 

Повеќе

Повик за учество во работа на Комисијата за ревизија на наод, оценка и мислење за утврдување на инвалидност, односно неспособност за работа за 2020 година

Министерството за труд и социјална политика согласно со член 3 од Правилникот за организацијата, составот и начинот на работа на Комисијата за ревизија на наод, оценка и мислење за утврдување на инвалидност, односно неспособност за работа („Службен весник на Република Македонија бр.2/2013, 27/16 и 2/19), ги ПОВИКУВА заинтересираните лекари-специјалисти да се јават за учество во работа на Комисијата за ревизија за период од една година. 

Јавен повик

Министерството за труд и социјална политика, објавува повторен јавен повик за прибирање на барања од заинтересирани правни лица за учество при распределбата на правото за упатување на работници (деташман) за изведување на проектни договори во СР Германија. 

Повеќе информации овде.

Повеќе

Јавен повик

Проектот за подобрување на социјалните услуги

Министерството за труд и социјална политика започна со имплементација на Проектот за подобрување на социјалните услуги (ППСУ) со финансиска поддршка од Меѓународната Банка за обнова и развој (Кредит Бр: 8902 –МК ).

Повеќе

ПОВИК

Почитувани,

Дозволете да Ве информираме за отворените можности и позиции во рамки на проектот “Поддршка на модернизацијата и деинституционализацијата на социјалните услуги” кој е спроведуван од страна на ЕПТИСА, со поддршка од Делегација на Европската унија , достапни на овој линк - http://www.eptisasee.com/non-key-experts-required-for-the-…/

Во таа насока, би сакале да Ве охрабриме да ја поднесете Вашата апликација, но и да ја пренесете можноста до лица за кои сметате дека се соодветен профил за отворените експертски позиции.

Поднесените пријави ќе бидат благовремено известени за изборот.

Повик за јавна расправа  за изградба на градинки во Општините Неготино, Кисела Вода и Кочани 

ЈАВЕН ОГЛАС

Јавен оглас за избор на членови на Комисија за спречување и заштита од дискриминација

ЈАВЕН ПОВИК 

Министерството за труд и социјална политика  известува дека во насока на унапредување и развој на социјалните услуги на локално ниво и подобрување на квалитетот и пристапот на услугите согласно потребите на граѓаните  во социјален ризик и социјална исклученост, во континуитет ќе продолжи со  активности за финансирање на проекти  за изградба, доградба, адаптација и опремување на  објекти  за проширување на капацитетите за  обезбедување на услугите со средства од Буџетот на Министерството за труд и социјална  политика или со други извори на средства.

Повеќе

Јавен оглас

за финансирање на проекти за изградба, доградба, адаптација и опремување на  објекти за проширување на капацитетите за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст со средства од Буџетот на Министерството за труд и социјална политика