Систем на пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија


Пензиско и инвалидското осигурување

Систем на пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија

Врз основа на уставните определби за социјално осигурување произлегуваат и правата од пензиското и инвалидското осигурување, како основни права на граѓаните.

Со Законот за пензиското и инвалидското осигурување се уредува задолжителното пензиско осигурување на работниците во работен однос и на физичките лица кои вршат дејност, основите на капитално финансирано пензиско осигурување, како и посебните услови под кои одделни категории на осигуреници ги остваруваат правата од пензиското и инвалидското осигурување.

Повеќе

Услови под кои се остваруваат правата од пензиското и инвалидското осигурување  

Осигуреникот кај кого ќе настане општа неспособност за работа, како и осигуреникот со преостаната работна способност кој поради навршување на одредени години на живот не може со професионална рехабилитација да се оспособи за вршење на друга соодветна работа стекнува право на инвалидска пензија ако ги исполнува следните услови:

1) инвалидноста е причинета со повреда на работа или професионална болест -без оглед на должината на пензискиот стаж или

2) инвалидноста е причинета со повреда надвор од работа или со болест под услов пред настанувањето на инвалидноста, односно на денот на престанокот на осигурувањето по настанатата инвалидност да е постар од 45 години живот и да има навршени најмалку 12 години пензиски стаж или

3) инвалидноста е причинета со повреда надвор од работа или со болест доколку осигуреникот има навршено над 30 до 37 години живот, треба да има пензиски стаж кој му покрива 30% од работниот век, сметајќи го работниот век на полни години, а осигуреникот има навршено над 37 до 45 години живот, треба да има пензиски стаж кој му покрива 40% од работниот век, сметајќи го работниот век на полни години.

Повеќе

Комисија за ревизија на работни места на кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење

Документи

***Напомена: При доставување на Барање за утврдување на работни места на кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење и/или Барање за ревизија на работни места на кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење, потребната документација треба да се достави во 4 примероци во хартиена и во електронска форма на CD или USB во архивата на МТСП.

За дополнителни прашања може да се обратите на:

  • тел: 02/3 106 662

Податоци за состојбата на бројот на корисниците на пензија за јануари 2024 година

Состојба на корисниците на пензија од исплатена пензија, по вид, по стекнато право и просечна пензија за јануари 2024 година

Вид на пензија Корисници по работно право Корисници по воено право Корисници по земјоделско право Вкупен број на корисници
Семејна пензија  74,214 472 39 74,725
Инвалидска пензија 26,667 126 0

26,793

Старосна пензија 235,401 179 8 235,588
Вкупно:  336,282 777 47 337,106
Вид на пензија Просечна пензија
Семејна пензија 15,873
Инвалидска пензија 17,860
Старосна пензија 21,703
Земјоделска пензија 10.419
Воена пензија 28,422

Состојба на корисници на пензија по групи на исплати за јануари 2024 година

Износи во денари семејна пензија инвалидска пензија старосна пензија воена пензија земјоделска пензија вкупно структура
До 12.528 8,258 3,715 12,264 1 47 24,285 7.20
Од 12.529 до 16.058 42,282 9,646 66,306 0 0 118,234 35.07
од 16.059 до 20.175 12,466 6,637 47,828 17 0 66,948 19.86
од 20.176 до 31.859 9,632 5,666 77,649 585 0 93,532 27.75
од 31.860 до 54.588 1,511 977 28,757 174 0 31,419 9.32
над 54.588 65 26 2,597 0 0 2,688 0.80
Вкупно 74,214 26,667 235,401 777 47 337,106 100

Извор: Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, https://www.piom.com.mk

Толковник на пензиското и инвалидското осигурување

А   Б   В   Г   Д  Ѓ   Е  Ж   З  Ѕ   И   Ј   К  Л   Љ  М   Н   Њ   О   П  Р   С    

Т   Ќ   У   Ф   Х   Ц   Ч   Џ   Ш  

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }