31.12.2019

Царовска потпиша уште четири договори за градинки- Арачиново, Карпош, Валандово и Пробиштип добиваат простор за 315 деца  

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска потпиша договори со уште четири општини за изградба на нови и проширување на капацитетите на градинки како дел од компонента од грант на Светска банка. Договорите Царовска ги потпиша  со градоначалниците и овластени претставници на општините Карпош, Валандово, Пробиштип и Арачиново. Вкупната вредност на овие 4 договори е 133.900.000 денари, а со изградбата на објектите се обезбедува вкупен простор за 315 деца . Општина Арачиново со потпишувањето на овој договор ја добива првата детска градинска.

Повеќе

30.12.2019

МТСП и оваа зима ги отвори прифатните пунктови за бездомни лица

Министерството за труд и социјална политика и оваа зима ги стави во функција четирите прифатни пунктови за бездомни лица низ државата, поради најава за намалување на температурите. Во функција се ставени прифатните пунктови во Скопје, Битола, Струмица и Струга. Истовремено, апелираме до граѓаните доколку забележат бездомно лице да го пријават на дежурните телефонски броеви за да биде сместено во некои од прифатните пунктови коишто се во функција од почетокот на зимскиот период. 

Повеќе

30.12.2019

44.940 работници добија поголема плата во првиот месец од спроведувањето на мерката субвенционирање на придонеси 

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска и претседателот на Организацијата на работодавачи, Ангел Димитров денеска на прес-конференција ги соопштија првите резултати од спроведувањето на мерката за субвенционирање на придонеси за раст на плати. Министерката Царовска изјави дека резултатите се одлични и дека субвенционирањето само за еден месец е искористено за зголемување на платите на 44.940 вработени од приватниот сектор.

Повеќе
25.12.2019

Царовска на почеток на градба на нова градинка во Миладиновци: Не запираме додека не ги вклучиме сите деца во предучилишно образование 

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и градоначалникот на Општина Илинден Жика Стојановски денеска присуствуваа на почетокот на изградба на нова детска градинака во населеното место Миладиновци.Новиот објект ќе се простира на површина од 540 метри квадратни со капацитет за згрижување на 90 деца, на возраст од 2  до 6 години, како и деца на возраст од 9 месеци до 2 години, односно ќе се воведат јасли за најмладите. 

Повеќе

23.12.2019

Царовска: Штип доби Дневен центар за лица со попреченост над 18 години, создаваме услуги за вклученост на секого во општеството 

Денеска во Штип, во присуство на министерката за труд и социјална политика Царовска, градоначалникот на Општина Штип Благој Бочварски и претседателот на Републичкиот центар „Порака” Чедомир Трајковски, започна со работа нов Дневен центар за лица со интелектуална попреченост постари од 18 години.

Повеќе

20.12.2019

Царовска: Се залагаме за праведен и еднаков третман за сите работници

Непријавената работа, намалувањето на сивата економија и процесот на воспоставување предвидлива и стабилна деловна околина, еднакви можности и здрава конкуренција, беа теми на дискусијата и состанокот за проектот финансиран од ЕУ „Подобрување на условите за работа“, на којшто присуствуваше министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Повеќе

19.12.2019

Царовска: Наша цел е опфатот на деца во градинките да го зголемиме за 50% 

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и градоначалникот Саша Богдановиќ денеска беа во увид на градежните работи на градинката „Пепелашка“ во Центар. Градинката коаја што е сместена во постар објект целосно се реновира и реконструира во модерен објект по најсовремени стандарди со средства на Општина Центар обезбедени преку Светска банка.

Повеќе

19.12.2019

Секторската работна група за образование, вработување и социјална политика ја разгледа Програмата за реформи во вработувањето и социјалната политика 2020- 2022  

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, министерот за образование и наука Арбер Адеми, Никола Бертолини, претставник од Европската делегација и претставници на меѓународните организации, институциите и граѓанскиот сектор денеска во Владата на Република Северна Македонија одржаа состанок на секторската работна група за образование, вработување и социјална политика. 

Повеќе

18.12.2019

Царовска: Кавадаречко Возарци доби прва градинка, се грижиме секое дете да има еднаков старт во животот 

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, денеска ја отворија првата градинка во село Возарци. За простор на градинката е искористен стар напуштен објект којшто е целосно реновиран и прилагоден за потребите на згрижување и воспитание на децата.

Повеќе

18.12.2019

Царовска: Со развојот на социјални услуги го менуваме моделот на поддршка за лицата со попреченост и прифаќањето на различностите 

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска учествуваше на работен состанок на којшто беа презентирани донесените подзаконски акти за социјални услуги изработени од МТСП, а поддржани во рамките на проектот „Поддршка на модернизација и деинституционализација на социјалните услуги“,  финансиран од Европската Унија.

Повеќе

18.12.2019

МТСП: На работниците да не им се кратат трошоците, регулирани со колективен договор, или договор за вработување

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работниците и работодавачите да водат социјален дијалог за сите прашања поврзани со остварувањето на работничките права. Апелираме до работодавачите, доколу правата на трошоци за превоз и храна се регулирани со колективни договори, или со договори за вработување, да не им ги кратат на работниците овие права, бидејќи тоа е спротивно на Законот. 

Повеќе

17.12.2019

Целта на социјалната реформа е трајно извлекување од сиромаштија преку вработување-од јуни до сега вработени 370 корисници на социјална помош

Министерките за труд и социјална политика и за финасии Мила Царовска и Нина Ангеловска, раководителот на секцијата за соработка во Делегацијата на ЕУ,  Никола Бертолини и директорките на ЦСР Скопје и АВРСМ Наташа Станојевиќ и Билјана Јовановска денеска се сретнаа со корисници на Гарантиран минимален проход коишто се активни баратели на работа и им ги презентираа можностите за активација преку најновиот четврти грант кофинансиран од Европската унија.  

Повеќе

16.12.2019

Министерството за труд и социјална политика доби признание од Црвен крст за посебен придонес и соработка во развој на социјалните услуги 

Црвениот крст на Република Северна Македонија денеска додели посебно признание за партнерска соработка на Министерството за труд и социјална политика. Признанието и беше врачено на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска од страна на генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити.

Повеќе

13.12.2019

Царовска:Јурумлери доби проширена градинка, посветено работиме на зголемување за 50% на опфатот на деца во предучилишно образование

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски денеска го отворија проширениот дел од градинката „Морковче” во Јурумлери.

Повеќе

12.12.2019

Царовска: Отворена прва градинка во Куклиш, струмичко, продолжуваме да инвестираме во детската заштита

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски денеска ја отворија ново изградената градинка во село Куклиш. Капацитетот на градинката е за 60 деца и е прва детска градинка во ова населено место.

Повеќе

12.12.2019

Царовска: Село Брајковци во валандовско ја доби првата детска градинка, инвестираме во иднината на децата и нашата држава  

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и градоначалникот на Општина Валандово Перо Костадинов денеска присуствуваа на отворањето на нова детска градинка во село Брајковци, валандовско, објект под ЈОУДГ „Калинка”, во којашто ќе бидат опфатени деца на предучилишна возраст од 4 околни населени места. 

Повеќе

12.12.2019

МТСП: Сабота, 14 декември работен ден за градинките 

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 14 декември ќе биде работен и за градинките на територијата на државата. 

Повеќе

10.12.2019

Ги повикуваме компаниите да ги почитуваат законите и да исплаќаат К-15 на работниците  

Министерството за труд и социјална политики ги повикува компаниите да ги почитуваат обврските утврдени со Закон и со Колективен договор меѓу кои е и исплатата на  К-15 до крајот на годината. 

  Повеќе

8.12.2019

Премиерот Заев од отворањето на нова детска градинка: За првпат по долго време се градат близу 70 детски градинки, вложуваме во квалитетно предучилишно образование 

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска денеска беа во Струмица по повод пуштањето во употреба на детската градинка во Муртино. 

Повеќе

6.12.2019

Заев и Царовска: Во определбата да создаваме праведно општество креиравме социјална реформа која целосно ја менува грижата за ранливите групи со значително зголемување на финансиската помош 

„Тргнавме од определбата да создаваме праведно општество, кое вистински се грижи, за намалување на социјалната нееднаквост во општеството, и креиравме социјалната реформа која целосно го менува начинот на кој се грижиме за ранливите групи граѓани и значително ја зголемуваме финансиската помош која ја добиваат“, рече во изјавата за медиумите претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, кој денеска заедно со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и со директорката на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа, Наташа Станојевиќ, имаа средба со корисници на социјална помош и социјални работници.

Повеќе

6.,12.2019

Формирана секторска работна група за следење и решавање на Ромските прашања

Во Владата на Република Северна Македонија денеска се одржа првиот состанок на Секторската работна група за интеграција на Ромите. Целта на оваа група е да го примени секторскиот пристап при решавањето на прашања поврзани со Ромите во земјава. На состанокот присуствуваа министристерката за труд и социјална политика Мила Царовска, министерот без ресор за ромски прашања Музафер Бајрам, преставникот на ЕУ Делегацијата Никола Бертолини, преставници на други министерства и меѓународни и граѓански организации во земјава.

Повеќе

5.12.2019

Царовска во Битола: Просечната пензија идната година се зголемува на 15.500 денари

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска се сретна со пензионерите во Битола. На средбата разговараа за претстојното зголемување на сите пензии за 700 денари во јануари 2020 година, за следните усогласувања во текот на идната година, но и за развој на социјални услуги на локално ниво како што е нега за стари лица во домашни услови.

Повеќе

4.12.2019

Царовска во Берово и Делчево: Во 2020 година ќе има трето усогласување, пензиите ќе се зголемат за околу 900 денари

Претстојното покачување на пензиите во 2020 година за 700 денари за сите пензионери, развој на социјалните услуги на локално ниво, како и други актуелни теми поврзани со повозрасните граѓани беа тема на разговор на денешната средба на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска со пензионерите во Делчево и Берово.

Повеќе

4.12.2019

Бајрактар: Преку ликовна уметност до социјална инклузија на децата со попреченост 

Заменикот министер за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост се обрати на изложбата која е дел од ликовно едукативниот проект „Уметност за сите” во организација на Националната Галерија.  

Повеќе

4.12.2019

Царовска: Детскиот развој ни е приоритет за две и пол години инвестиравме над 180 милиони денари во 43 градинки

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска ја посети детската градинка „11 Октомври“ во Општина Бутел кадешто со донација се опремија катчиња во занималните по најсовремени стандарди.

Повеќе

2.12.2019

Царовска во Тетово: Во 2020 година пензиите ќе пораснат за околу 900 денари 

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска се сретна со пензионерите од Тетово со кои разговараше за претстојното зголемување на пензиите, но и за други актуелни прашања поврзани со повозрасната популација.  

  Повеќе

2.12.2019

Со силно темпо и со крупни чекори го фаќаме ритамот на европските напредни практики за имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лица со попреченост

Владата, во координација со Национално координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лица со попреченост, предничи и ги промовира и штити правата на лицата со попреченост во областите како што се: еднаквост и недискриминација, слобода на движење, самостојно живеење, образование, пристап до стоки и услуги, вработување, правен капацитет, пристап до правда, здравство, политичко учество, вклучително и правото да гласаат и да бидат гласани на избори, истакна денеска во своето обраќање претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев на одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со попреченост – 3 декември, и на завршната конференција на ЕУ проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“.

Повеќе
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->