Дополнителна заменик министерка за труд и социјална политика

м-р Јованка Тренчевска 

Лични податоци

  • Место на раѓање: Струмица, Република Северна Македонија
  • Националност: Македонка

Формално образование

2012 година

  • Магистар по социолошки науки
    • Универзитет Св. Кирил и Методиј, Филозофски факултет, Институт за социологија

1994 година

  • Дипломиран социолог
    • Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје

Работно искуство

  • 2022-2024 Министерка за труд и социјална политика
  • 2021-2022 Директорка на Државен инспекторат за труд
  • 2020-2021 ВД Директорка на Државен инспекторат за труд
  • 2018-2020 Државна секретарка во Министерство за труд и социјална политика
  • 2018 Раководителка на одделение за родова еднаквост, Сектор за еднакви можности, Министерство за труд и социјална политика
  • 2003 -2018 Советничка за родова еднаквост, Сектор за еднакви можности, Министерство за труд и социјална политика
  • 2000-2003 Координаторка на ресурсен центар за унапредување на родовата еднаквост, Организација на жени Струмица, програма на Македонски центар за меѓународна соработка
  • 1992-2000 Семико, дооел Струмица

Познавање на јазици

  • Англиски

Обуки

  • Напреден курс за родово одговорно буџетирање, тренинг центар на UN Women, Белград
  • Тренинг за тренери за родово базирано насилство, UN Women, Скопје
  • Родот и управувањето со земјиштето, Светска банка, Албанија
  • Родовата еднаквост и вклучувањето на родовата перспектива во главните текови, Златибор, Србија
  • Напреден курс за подготовка на закони, тренинг за тренери, ОБСЕ, МИОА
  • Тренинг за тренери за еднакви можности и недискриминација, Британски Совет, Скопје
  • ЕУ институции и европски политики, СЕП, Влада на Република Македонија
  • Тренинг за тренери за Родово одговорно буџетирање, UN Women, Скопје
  • Стратешко планирање, МЦМС, Скопје
  • Менаџирање на проектен циклус, МЦМС, Скопје
  • Род и развој и Род и здравствената едукација, МЦМС, Скопје
  • Женски права и меѓународни документи за човекови права, Сараево, БиХ
  • Жените и моќта, Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА)
  • Тренинг за тренери на програмата “Жените тоа го можат“, Пакт за стабилност
Искуство во областа:
  • Член на работна група за подготовка на Законот за еднакви можности на жените и мажите (2006, 2012) 
  • Член на работната група за ревизија на Националниот акциски план за родова еднаквост и подготвка на нов Национален акциски план за родова еднаквост 2008-2012
  • Член на работната група за изработка на Акционен план за специфичните потреби на жените Ромки
  • Координаторка на проектот “Поддршка на родовата интеграција на локално ниво“, поддржан од ОБСЕ
  • Координаторка на проектот “Јакнење на капацитетите за родова интеграција во процесот на креирање политики“, поддржан од ОБСЕ
  • Член на работната група за подготовка на Националната стратегија за вработување и Националниот акционен план 2009-2010
  • Координаторка на проектот “Жените и процесот на децентрализација во Република Македонија, поддржан од Фридрих Еберт, канцеларија во Скопје
  • Координаторка на проектот "Зголемување на нивото на информации за женско претприемништво, Зголемување на учеството на жените во менаџерските тимови на јавните претпријатија, зајакнување на капацитетот на жените за подобра работа, развој на проектниот циклус", поддржан од Фридрих Еберт, канцеларија во Скопје
  • Координаторка на проектот Родово одговорно буџетирање, спроведен од Министерството за труд и социјална политика со поддршка на UN Women
  • Член на работната група за изработка на Национална стратегија за борба против сиромаштијата
  • Координаторка на работната група за родова еднаквост и антидискриминација како дел од TWININNG проектот за усогласување на трудовото законодавство со стандардите на ЕУ
  • Координаторка и член на работната група за подготовка на Националната стратегија за родово одговорно буџетирање 2012-2017
  • Координаторка и член на работната група за изработка на Стратегијата за родова еднаквост 2013-2020 и Акциски план за родова еднаквост 2013-2016
  • Координаторка на проектот - Обука за правните практичари и персоналот на Народниот правобранител за CEDAW и Факултативниот протокол со поддршка на ОБСЕ
  • Член на работна група за воведување на CAF стандарди во Министерството за труд и социјална политика
  • Член на Работната група за ex-post проценка на антидискриминационото право.
  • Раководно лице за воведување на ИСО стандардот MKC EN ISO 9001:2015 во Министерството за труд и социјална политика
  • Координаторка на работна група за подготовка на процесот на ратификација на Конвенцијата на Совет на Европа за борба против насилството врз жените вклучувајќи го и домашното насилство
  • Координаторка на работна група за подготовка на Акциски план за имплементација на Конвенцијата на Совет на Европа за борба против насилството врз жените вклучувајќи го и домашното насилство
  • Координаторка на работна група за подготовка на Законот за спречување и заштита на жените од насилство и семејно насилство (2019-2020)
  • Координаторка на работната група за измени и дополнувања на Законот за еднакви можности (2020)
  • Координаторка за подготовка на Стратегијата за родова еднаквост 2021-2028
Учество во меѓународни и домашни тела
  • Член на Управниот комитет (УНДП) на проектот "Еден глас - едно гласачко ливче: адресирање на семејното гласање и гласање во име на друг, во Македонија"
  • Претставник на Република Македонија во Управниот комитет за родово одговорно буџетирање во рамки на регионалниот проект на UN WOMEN “Промовирање на родово одговорни политки во Југоисточна Европа.
  • Координаторка на Интер ресорската консултативна и советодавна група за еднакви можности на жените и мажите на Владата на Република Македонија 
  • Член на Управниот комитет за ЕУ-Твининг проектот "Поддршка за спроведување на родова еднаквост"
  • Шеф на владината делегација на Република Северна Македонија на самитот во Најроби, Кенија, 2019
  • Член на регионалниот Советодавен одбор во рамките на проектот „Промовирање на родово одговорни политики и буџети: Кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“ (2020)
  • Член на Советодавниот одбор на Националната платформа за женско претприемништво (2021)

Публикации и Анализи:

  • 2008 - Ко-автор на “Водич за директивите на Европската унија поврзани со еднаквост и недискриминација”. Оваа активност беше поддржана од Британски совет со поддршка на експертот Sheila Rodgers од Англија.
  • 2010 Експерт - Подготовка на Прирачник за антидискриминација и еднакви можности, Водич за спроведување на Законот за антидискриминација, поддржано од ОБСЕ 
  • 2011 Експерт - Подготовка на анализа за состојбата со еднакви можности и недискриминација во Република Македонија, поддржана од Британскиот совет 
  • 2013 Ко-автор на “Водич за родово маинстримирање наменет за државни и јавни службеници” поддржан од УН жени во РМ.
  • 2013 Ко-автор на “Водич за спроведување на Законот за спречување и заштита од дискриминација и Националната стратегија за еднаквост и недискриминација” поддржана од Британска амбасада и Британски совет во РМ
  • 2013 Ко-автор на “Модулот за електронска обука за недискриминација” во соработка со Британска амбасада и Министерство за информатичко општество и администрација
  • 2016 Ко-автор на анализа Пристапот на жените до правда, поддржана од Еднаков пристап Скопје
  • Експерт, родово буџетска анализа "Родови аспекти во подобрувањето на водоснабдувањето и канализационата мрежа во општина Ѓорче Петров", поддржана од Женска акција, Скопје
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }