31.7.2019

Царовска во посета на Дневниот центар во Кочани: Платите на стручните лица во социјална заштита зголемени за 22%

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска вчера попладнето го посети Центарот за социјални работи во Кочани како и Дневниот центар за лица со интелектуална и телесна попреченост. Министерката се сретна со вработените во центарот , но и со корисниците на услугите во дневниот центар со кои разговараше за социјалната реформа и за унапредување на правата на лица со попреченост.

Повеќе

31.7.2019

Царовска: Продолжуваме со деинституционализацијата, Корешница стана нов дом на три лица од Заводот Демир Капија

Во демиркапиското село Корешница, денеска започна со работа нов групен дом за три лица со интелектуална попреченост,коишто досега беа сместени во Специјалниот завод Демир Капија. 

Повеќе

31.7.2019

36 лица со телесна попреченост добија ортопедски помагала

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска присуствуваше на доделувањето на ортопетски помагала на лица со телесна попреченост со кои подвижноста и мобилноста ќе им се подобри и зголеми.

Повеќе

29.7.2019

Холандската влада со финансиска поддршка за имплементација на Истанбулската конвенција

Холандската влада обезбедува финансиска поддршка за реализација на активности во рамки на Националниот акциски план за спроведување на Истанбулската конвенција. Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и В.Д. амбасадорот на Кралството Холандија во Република Северна Македонија Андри ван Менс денеска потпишаа договор кој обезбедува поддршка во висина до 9,144,300 денари.

Повеќе

27.7.2019

МТСП: Европските експерти со позитивно мислење за процесот на подготовка на новиот закон за работни односи

Новиот закон за работни односи којшто е во фаза на подготовка, обезбедува добра основа за соодветно регулирање на односите на современиот пазар на труд. Истовремено ги содржи, и поголемиот дел од директивити на ЕУ и останатите релевантни стандарди на трудот. Ова е генреалното мислење на експертката мисија „TAIEX“, на којашто Министерството за труд и социјална политика беше домаќин во периодот од 22 до 26 јули годинава.

 

Повеќе

24.7.2019

Социјалните работници ќе добиваат плата повисока за 4.316 денари

Денеска во Клуб на пратеници министерката за труд и социјална политика Мила Царовска се сретна со вработените од областа на социјалната заштита.

 

Повеќе

23.7.2019

Царовска: Вработените во градинките добиваат за 16% повисоки плати, ова е најголемо покачување досега

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска се сретна со вработените од градинките во Клуб на пратеници, кадешто беше презентиран новиот систем за плати

Повеќе

16.7.2019

МТСП: Обезбедуваме топол дом за секое дете, вработените од „Мајчин дом“ Битола се подготвуваат за целосна трансформација на институцијата

Вработените од Домот за доенчиња „Мајчин дом“ Битола се подготвуваат за целосна трансформација на институцијата. Денеска и утре учествуваат на обука која што треба да заврши на есен. Целта е да се подготви пероналот за престојните промени, кои се дел од преминувањето од згрижување во институција кон давање на услуги во заедницата на доенчињата и децата кои ќе бидат деинституционализирани.

 

Повеќе

15.7.2019

МТСП: Вложуваме во младите, создаваме услови за напредок и развој на вештини

На денешниот Светски ден на вештините на младите МТСП ги потврдува заложбите за подобрување на условите за професионален развој на младите и намалување на младинската невработеност во државата.

 

Повеќе

12.7.2019

Царовска во посета на првите лица коишто излегоа од Бања Банско: Продолжува процесот на деинституционализација  

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ги посети првите деинституционализирани лица од ЈУ Завод за рехабилитација „Бања Банско“, институција за згрижување лица со физичка попреченост. Парот, Фанка Динова и Јонче Гогов, од април годинава ја напуштија установата и се преселија во семејната куќа на Фанка, во гевгелиското село Миравци. Обајцата претходно беа сместени во Заводот уште како деца и во него поминале повеќе од триесет години. 

Повеќе

10.7.2019

Министрите Филипче и Царовска на одбележување на Светскиот ден на население: Родовата еднаквост, како една од развојните цели на ОН, е клучна алатка за напредок на општеството

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, денеска учествуваа на одбележувањето на Светскиот ден на населението, преку дискусија на тема „Обмислени лидерски разговори за Меѓународна конференција за население и развој (ICPD) - Што се променило во последните 25 години?“, во организација на Фондот за население на Обединетите нации - УНФПА.

Повеќе

10.7.2019

Царовска: Со иновативно решение обезбедуваме храна за три пати повеќе граѓани во социјален ризик од претходно

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска со преставници од Здружението „Сите сити - Ајде Македонија” и Црвен Крст денеска го посети прифатниот пункт за бездомници во Момин поток, кадешто околу 50 лица изминатиот период добиваат топол оброк преку иновативното решение на „Сите сити - Ајде Македонија”.

Повеќе

9.7.2019

МТСП: Бесплатен одмор во Струга за 700 деца од семејства во социјален ризик

Околу 700 деца и нивни придружници од семејства во социјален ризик од цела држава, од минатата недела до крајот на летото во пет смени ќе престојуваат на летен одмор во Струга. Одморот се реализира со поддшка од Министерството за труд и социјална политика и Црвен крст, а сместувањето е во одморалиштето „Мајски цвет“.

Повеќе

МТСП: Исплата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека се врши исплата на долунаведените права за месец Јули 2019 година.

Повеќе

7.5.2019

Изложба на фотографии на децата од малите групни домови 

Вчера се одржа фотографска продажна изложба “Nos Creare” на децата од малите групни домови во Национална галерија - Чифте Амам, Скопје. На изложбата присуствуваа, министерката за труд и социјална полиика Мила Царовска, министерот за образование Арбар Адеми, како и преставници од меѓународните организации, амбасадите и граѓанскиот сектор.

Повеќе

5.7.2019

Царовска во работна посета на Кичево: Со социјалната реформа овозможуваме подобар живот за нашите најранливи граѓани

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска вчера беше во работна посета на Општина Кичево. Министерката се сретна со градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари со кого разговараа за повеќе прашања од социјалната заштита на локално ниво.

Повеќе

1.7.2019

Министерката Царовска на работен состанок со Сојузот на пензионери: Пензиите се стабилни и продолжуваат да растат 

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, денеска одржа работна средба со претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Станка Трајкова и други преставници и членови на Извршниот одбор на Сојузот.

Повеќе
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->