МТСП: Од среда аплицирајте за детски и образовен додаток, ниту едно дете не треба да живее во сиромаштија 

Министерството за труд и социјална политика ја проширува достапноста на детскиот и образованиот додаток за 20 пати повеќе деца. Со ова значително придонесуваме за намалување на детската сиромаштија во државата. Освен домаќинствата коишто примаат социјална помош право на овие додатоци ќе имаат и други категории на домаќинства.

За таа, цел ги повикуваме тричлените семејства со приходи до 11.400 денари, четиричлените семејства со приходи до 13.800 денари и петчелените семејства со приходи до 15.000 денари од среда да се пријавуваат во локалните центри за социјални работи, за да може да ги добијат надоместоците со исплатата во текот на идниот месец.

Истовремено барање за остварување на овие права барања во центрите треба да поднесат и досегашните корисници на социјална помош.

За поправедна распределба на додатоците со реформата се трансформира и родителскиот додаток за трето дете. Се воведуваат еднократни додатоци за прво и второ дете, а месечниот надоместок за трето дете се условува со материјален цензус на домаќинството. Примената на материјалниот цензус за додатокот за трето дете почнува по десет месеци од стапувањето на законот на сила. Сите што ќе се пријават во овие десет месеци за додатокот, правото ќе го оставарат без цензусот. Исто така, надоместокот за трето дете не се укинува за оние коишто веќе се стекнале со него и тие ќе продолжат да го добиваат до навршување на 10 години на детето. За остварување на овие права, исто така, е потребно семејствата да се пријават во Центрите за социјални работи.

За повеќе информации во врска со поднесувањето на барањата и остварувањето на новите права предвидени со Законите за социјална и детска заштита и социјална сигурност на стари лица, контактирајте со меснонадлежните центри:

http://www.mtsp.gov.mk/content/word/dokumenti/Dokumenti%202019/%D0%9A%D0%BE%D1%80%D0%B5%D0%B3%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%BD%20%D1%81%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BE%D0%BA%20%D1%81%D0%BE%20%D0%B4%D0%B867yyttyg%D1%80%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D1%81%D0%B0%D1%98%D1%82%20(1).doc

Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }