31.5.2019

Царовска: Го подобруваме пристапот до правни услуги за ранливите групи граѓани

Северна Македонија е активно  вклучена во спроведувањето на отворено владино партнерство 2018-2020 во областа на пристапот до правдата. Со  усвојувањето на Законот за бесплатна правна помош од страна на Владата како и со развој на правните услуги на локално значително го подобрија пристапот до правдата на најранливите граѓани. Ова го истакна министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која со министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски учествуваат на шестиот Глобален самит за отворено владино партнерство во Отава, Канада.

Повеќе

30.5.2019

Европската Унија ја поздрави социјалната реформа, со новите закони се намалува сиромаштијата во Република Северна Македонија

„Се забележува напредок во социјалната инклузија и заштита. Сиромаштијата е сѐ уште сериозен проблем, но се очекува подобрување на состојбата со новиот Закон за социјална заштита кој овозможува гарантиран минимален приход за сите невработени“, се вели во извештајот на ЕУ во однос на напредокот на Република Северна Македонија во делот на труд и социјална политика. 

Повеќе

29.5.2019

МТСП: Обезбедуваме социјална сигурност за околу 6.000 повозрасни лица 

Со Законот за социјална сигурност на стари лица којшто е дел социјалната реформа и веќе стапи на сила, социјално ги обезбедуваме лицата над 65 години коишто немаат други извори на егзистенција. Месечниот надоместок за овие лица изнесува околу 6.000 денари, а се очекува правото да го искористат околу 6.000 граѓани и граѓанки. 

Повеќе

28.5.2019

МТСП: Отворен е првиот Дневен центар за Даунов синдром

Денеска се отвори првиот Дневен центар за Даунов синдром во Република Северна Македонија. Новиот Центар се наоѓа зад Соборниот Храм, на вкупна површина од 381 м2. Вкупната инвестиција на МТСП за овој центар изнесува околку 6 милиони и 500 илјади денари. Целата адаптација и опремување на овој Дневен центар е во соработка со родителските здруженија на децата со Даунов синдром и комплетно одговара на потребите на децата за поддршка на нивниот психофизички развој.

 

Повеќе

27.5.2019

МТСП: Од среда аплицирајте за детски и образовен додаток, ниту едно дете не треба да живее во сиромаштија 

Министерството за труд и социјална политика ја проширува достапноста на детскиот и образованиот додаток за 20 пати повеќе деца. Со ова значително придонесуваме за намалување на детската сиромаштија во државата. Освен домаќинствата коишто примаат социјална помош право на овие додатоци ќе имаат и други категории на домаќинства.

Повеќе

26.5.2019

Царовска: Од среда почнува поднесувањето барања за новите права од социјалната реформа, ги повикувам граѓаните да се пријавуваат во центрите

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска на прес конференција ги повика сите лица коишто се во социјален ризик од среда да се пријавуваат во надлежните центри за социјална работа за да може да ги добијат новите надоместоците предвидени со социјалната реформа. Исплатата на социјалните права според новите закони почнува во текот на идниот месец, а помошта се зголемува за околу 300%.

Повеќе

25.5.2019

МТСП: Воведуваме траен надоместок за невработен родител којшто се грижел за дете со попреченост

Со социјалната реформа се унапредуваат правата на лицата со попречености, но и на семејствата коишто се грижат за нив. За разлика од досегашната пракса, со која само се трансферираа финансиски средства до крајните корисници без притоа да добијат соодветна услуга, сега се става акцент на развојот на услугите кои ќе ја подобрат поддршката и негата, но и ќе ја зголемат независноста на лицата со попрченост и нивната вклученост во општеството. 

Повеќе

22.5.2019

Заменикот министер Бајрактар на конференција за Програмата на економски реформи 2020-2022

 Заменикот министер за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар зема учество на Конференцијата на високо ниво за Програмата на економски реформи 2020-2022 со фокус на Економско–финансиски дијалог со ЕУ – од препораки во реформски мерки.   

Повеќе

21.5.2019

Царовска: Собранието ги изгласа пакетот на закони за социјалната реформа, исплатата на зголемента помош почнува од идниот месец

Пратениците во Собранието денеска ја изгласа социјалната реформа. Првите исплати на зголемената парична помош за 300% се очекуваат од идниот месец. Со трите пакет закони за социјална и детска заштита и социјална сигурност на стари лица правиме целосна преобразба на досегашниот систем за социјална заштита и воведуваме социјална правда којашто е основата на секое здраво и напредно општество.

Повеќе

17.5.2019

МТСП: Изгласан е Законот за спречување и заштита од дискриминација, градиме општество со еднакви права за сите  

Во пресрет на Меѓународниот ден против хомофобијата вчера во Собранието нa Република Северна Македонија по втор пат беше изгласан Законот за спречување и заштита од дискриминација, кој стапува на сила веднаш по потпишувањето од Претседателот на државата.  

 

Повеќе

15.5.2019

Царовска: Се интензивираат активностите на мобилните тимови, идентификувани 167 деца на улица

167 деца меѓу кои 18 бебиња се идентификувани на неколку пофрекфентни крстосници во Скопје изминатите две недели од страна на 6 мобилни тимови. Најчестите активности во кои децата се вклучени, е улична работа, вклучително и продавање на мали предмети, чистење на стакла, и питачење. Поголемиот дел од нив се без документи и не се вклучени во образовниот процес.

Повеќе

9.5.2019

МТСП: Честит ден на Европа- Градиме праведно и хумано европско општество без сиромаштија

Министерството за труд и социјална политика ви го честита Денот на Европа. Денеска ја славиме победата над фашизмот, но уште поважно ги утврдуваме заедничките вредности и заложби врз чија основа е изградена Европската Унија и кои се насока во работењето на секоја демократска и праведна држава. 

Повеќе

6.5.2019

7 мај работен за градинките на територијата на Град Скопје  

Утрешниот ден 7 мај ќе биде работен за градинките на територијата на Град Скопје и истите треба да се организираат непречено да ја извршуваат својата функција. Согласно последните организациски проценки поврзани со протоколот за посетата на Неговата Светост Папата Франциск, и согласно потребите и барањата на институциите и граѓаните, Владата на Република Северна Македонија донесе одлука утрешниот ден, 7 мај (вторник), да биде неработен ден за сите вработени во јавната и државната администрација на територијата на Град Скопје.

Повеќе

3.5.2019

МТСП: Исплата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека на 3.5.2019 година изврши исплата на долунаведените права за месец Март 2019 година.

Повеќе