Разменети искуства за собирање на вишоците на храна

Во насока на дадените заложби на Владата на Република Северна Македонија за искористување на вишоците на храна кои во моментот многу често завршуваат како отпад, на 20.03.2019 година беше реализирана средба помеѓу  заменик министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар  и претставникот на хуманитарната организација „Тафел” од Германија, Манфред Јабс.

„Tафел” е хуманитарна организација која води грижа за најсиромашните, старите лица и децата во Германија и која главно се занимава со дистрибуција на вишоците на храна до оние коишто имаат потреба од неа. 

На работниот состанок беа споделени искуствата на хуманитарната организација „Тафел” за активностите кои тие ги реализираат во рамки на Германија преку собирање на вишоците на храна и дистрибуција на истата преку народните кујни до најсиромашното население. Нивниот концепт на работа се темели на база на волонтеризам каде преку 600.000 волонтери помагаат во процесот на собирање и дистрибуција на храна.

Работниот состанок беше добра можност за меѓусебно запознавање со процесите кои на ова поле во моментот се одвиваат и во Република Северна Македонија, како и планови за идна соработка и помош на хуманитарната организација „Тафел” во формирањето на Банка за храна во Република Северна Македонија која би функционирала на идентични принципи и би имала за цел вишоците на храна кои се употребливи, а во моментот се исфрлаат во отпад, да стигнат до лицата кои се во социјален ризик и кои имаат потреба од храна.

Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }