Царовска: Продолжуваме силно да соработуваме со граѓанскиот сектор заеднички создаваме подобро општество за сите

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска се обрати на средбата за вмрежување на грантистите на програмата Цивика мобилитас што се одржува во Охрид. Над 50 претставници на актуелните грантисти на Цивика мобилитас работеа на подобро комуницирање на нивните постигнувања и се здружија за постигнување на заеднички цели.

“Граѓанските организации покажаа дека можат да ги движат општествените промени и тоа да го прават преку добра соработка со Владата и институциите. Предлозите на граѓанскиот сектор влегоа во владината програма и низ спроведените реформи веќе имаме позитивни резултати од истите. Продолжуваме со силната соработка со активните граѓани заеднички да направиме подобро општество за сите”, рече Царовска.

Општествените промени во Северна Македонија се поттикнати од силен граѓански сектор, активни граѓани и добра соработка со властите, што резултира со потранспарентно, поотчетно и социјално-инклузивно управување како на централно, така и на локално ниво.Цивика мобилитас е програма за поддршка на граѓанското општество чија трета фаза започна да се спроведува од 1 јануари 2019 година и ќе трае до 31 декември 2022 година. Цивика мобилитас е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) кој го спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ Шведски развој АБ (ФЦГ Шведска).

Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }