29.11.2019

Царовска: За секое дете – љубов, се заложуваме за ставање крај на насилството врз деца 

За секое дете – љубов, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во своето завршно обраќање на дводневната конференција “Проширување на акцијата за ставање крај на насилството врз децата во Западен Балкан” организирана од УНИЦЕФ.

Повеќе

29.11.2019

Царовска: Сите заедно да работиме на трајно искоренување на насилството врз децата 

Посветената работа на системите за детска и за социјална заштита, но и интегриран пристап на сите останати институции се многу важни во борбата против насилство врз децата, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на денешната панел дискусија за обезбедување на мултисекторски пристап во детската заштита. Панелот беше дел од дводневната конференција на УНИЦЕФ во Скопје „Проширување на акцијата за ставање крај на насилството врз децата во Западен Балкан”.

Повеќе

29.11.2019

Царовска: Ве повикувам вистински да го слушнеме гласот на секое дете 

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска имаше воведно обраќање на вториот ден од Регионалната конференција „Проширување на акцијата за ставање крај на насилството врз децата во Западен Балкан” што се одржува во Скопје.

Повеќе

29.11.2019

Стартуваше субвенционирањето за раст на плати, компаниите ќе аплицираат во УЈП само со образецот за пресметка на плата

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денеска на прес конференција го презентираа новиот Закон за субвенционирање на придонеси за раст на плати којшто стартуваше од неодамна. Министерката Царовска ги повика компаниите да ја искористат оваа мерка за којашто рече дека директно ги поттикнува и подржува работодавачите да ги зголемат платите на работниците.

Повеќе

27.11.2019

Царовска: Младинскиот центар во Гостивар ќе биде поддршка на младите од целиот полошки регион 

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, градоначалникот Арбен Таравари и Постојаната претставничка на УНДП во државата, Нарине Сахакијан денеска потпишаа Меморандум за разбирање помеѓу трите институции за отворање на Младински ресурсен центар во Гостивар кој ќе го опслужува целиот полошки регион. 

Повеќе

27.11.2019

Царовска: Продолжуваме силно да соработуваме со граѓанскиот сектор заеднички создаваме подобро општество за сите

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска се обрати на средбата за вмрежување на грантистите на програмата Цивика мобилитас што се одржува во Охрид. Над 50 претставници на актуелните грантисти на Цивика мобилитас работеа на подобро комуницирање на нивните постигнувања и се здружија за постигнување на заеднички цели.

Повеќе

25.11.2019

Царовска во Кичево: Пензиите ќе продолжат да растат, во 2020 година ги зголемуваме за околу 900 денари 

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска се сретна со пензионерите во Кичево со кои разговараше за претстојното зголемување на пензиите и за другите актуелни прашања. Министерката лично ги информираше пензионерите дека пензискиот систем е стабилен и дека пензиите растеа и ќе продолжат да растат. Исто така, ги информираше за претстојното покачување на пензиите во јануари 2020 година кое ќе изнесува 700 денари за сите пензионери, коешто со дополнителните усогласувања до крајот на годината ќе стигне од 860 до 900 денари.

Повеќе

26.11.2019

Царовска: Со социјалната реформа ја зголемивме социјалната помош за три пати, но и платите на социјалните работници за 26% 

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска се обрати на настанот во рамки на ЦЕЕПУС мрежата за социјална работа и социјална политика “Регионална недела“ кој од 25-29 ноември се одржува на Филозофскиот факултет во Скопје. Министерката пред експерти од областа на социјалната заштита од земјава и странство ја презентираше социјалната реформа и соработката со Институтот за социјална работа и социјална политика во подготовката на законските регулативи.

Повеќе

25.11.209

МТСП: До крајот на годината ќе отвориме 10 сервиси за жртви од родово базирано насилство 

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска го посети новиот Центар за жртви на семејно насилство во Велес. 

„До крајот на годината ќе имаме вкупно 10 специјализирани сервиси за жртви од родово базирано насилство во 6 плански региони на територијата на РСМ, Скопје, Куманово, Тетово, Штип, Кавадарци, Битола Прилеп и овој во Велес. Наш приоритет е да обезбедиме заштита и поддршка за секоја жена и девојка. Паралелно работиме и на превенција, бидејќи наша крајна цел е трајно да ги искорениме овие појави од општеството“, истакна Царовска. 

Повеќе

22.11.2019

Царовска: Започна креирањето на ОП за 2020 година, активните мерки за вработување ги правиме според потребите на регионите и бизнисот 

Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување, бизнис заедницата, локалниот економско социјален совет, и останатите засегнати страни денеска во Скопје ја одржаа последната регионална средба за креирање на новиот Оперативен план за активни мерки за вработување за 2020 година. 

Повеќе

20.11.2019

Бајрактар: Со социјалната реформа пристапот до детскиот и образовниот додаток го зголемивме за 20 пати

По повод Меѓународниот ден за толеранција, заменикот министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар се обрати на конференција организирана од МАНУ со наслов “Ефектот од имплементација на Конвенцијата за правата на детето“, на која рече дека децата се најосетливиот сегмент од човековата популација, и иако правно заштитени со бројни декларации и закони, и понатаму продолжуваат да бидат  исклучени во однос на задоволување на голем број егзистенцијални и развојни потреби. 

Повеќе

19.11.2019

Царовска: Го решаваме долгогодишниот проблем на лицата без документи, ќе може да ги остваруваат своите основни права

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, денеска имаше воведно обраќање на Националната конференција „Проценка на напредокот на Република Северна Македонија во спроведувањето на јавните политики кон ромската заедница“ организирана од Ромалитико.

Повеќе

18.11.2019

Царовска во Куманово: Покачувањето од 700 денари ќе влезе во основицата на пензиите и дополнително ќе се усогласи со трошоците на живот

Зголемувањето на пензиите во јануари 2020 година, социјалната пензија и други актуелни прашања беа тема на денешната средба на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска со пензионерите во Куманово. Министерката лично ги информираше пензионерите за претстојното покачување на пензиите во јануари 2020 година кое ќе изнесува од 860 до 900 денари со пресметаните дополнителни усогласувања. 

Повеќе

15.11.2019

Царовска: Го решаваме проблемот на лицата познати како фантоми, ќе може да ги остваруваат основните граѓански права 

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска го посети Ромскиот едукативен центар „Амбрела“ во Шуто Оризари. Оттука информираше за Предлог законот за неевидентирани лица во матична книга на родени, којшто Владата го усвои на последната седница.

Повеќе

15.11.2019

МТСП: Декемвриската минимална плата ќе изнесува 14.500 денари

Законски утврдената минимална плата за декември во Република Северна Македонија ќе изнесува 14.500 денари и е зголемена за 2.000 денари, а споредено со 2017 за 5.500 денари. Истовремено државата ќе ги субвенционира придонесите од 600 до 6.000 денари, за сите компании од приватниот сектор коишто ќе ги зголемат платите за оваа сума на работниците независно дали се минимални или повисоки. Субвенциите ќе може да се користат во следните три години.

Повеќе

14.11.2019

Царовска на средба со пензионерите во Штип: Околу 900 денари повеќе за пензионерите во 2020 година 

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и директорот на Фондот на ПИО Шаип Зенељи денеска се сретнаа со пензионерите во Штип со кои разговараа за зголемувањето на пензиите и други актуелни прашања. Министерката лично ги информираше за претстојното покачување на пензиите во јануари 2020 година кое ќе изнесува околу 900 денари со пресметаните дополнителни усогласувања.

Повеќе

14.11.2019

Царовска: Населбата Железара доби проширена градинка со простор за уште 75 деца

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и градоначалникот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски, денеска присуствуваа на отворањето на проширениот дел на градинката „Калинка” во скопската населба Железара, којашто е дел од  ЈОУДГ „Детска радост“.

Повеќе

14.11.2019

МТСП: Месечен младински додаток по 3.000 денари за сите млади вработени во производна дејност

На 164-та Седница, Владата гo утврди Предлог-законот за младински додаток, предложен од Министерстовото за труд и социјална политика. Со младинскиот додаток поттикнуваме вработување на младите лица во дејностите на производството по завршување на средното образование. На овој начин истовремено придонесуваме за подобрување на нивниот животен стандард и ги задоволуваме потребите на работодавачите со соодветно квалификувана работна сила. Младинскиот додаток ќе биде во висина од 3.000 денари месечно и ќе им се исплаќа на млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование.

Повеќе

13.11.2019

Царовска: Растат пензиите за 322.622 пензионери, подеднакво се грижиме и за младите и за повозрасните

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, директорот на Фондот на пензиското и ивалидското осигурување Шаип Зенељи и претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери Станка Трајкова денеска на заедничка прес конференција во Владата го најавија новото зголемување на пензиите проектирано со Буџетот за 2020 година кое ќе стартува со исплатата на јануарската пензија.

Повеќе

12.11.2019

Царовска: Општина Сопиште ја доби првата градинка, продолжуваме да инвестираме во раниот детски развој

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска ја посети градинката „Виножито“ којашто е прва отворена градинка на територијата на Општина Сопиште. Оваа јавна установа има капацитет за згрижување на 31 дете за кои се грижат вкупно 7 вработени лица обезбедени со согласноти од Министерството за труд и социјална политика.

Повеќе

11.11.2019

Вклучувањето на граѓанските организации е предуслов за креирање успешни политики

Унапредување на вклученоста на граѓанските организации во секторот образование, вработување и социјална политика беше тема на денешната средба организирана на иницијатива на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и министерот за образование и наука Арбер Адеми со граѓанските организации.

Повеќе

7.11.2019

Предлог законот за спречување и заштита  од насилство врз жените и семејно насилство на јавни дебати, со новиот Закон целосно се усогласуваме со меѓународните стандарди

Министерството за труд и социјална политика  денеска во Струмица, а вчера во Битола одржа јавни дебати за предложениот текст на Законот за спречување и заштита  од насилство врз жените и семејно насилство. На дебатите беа поканети и присуствуваа претставници на локалните институции, здруженијата на граѓани и заинтересирани граѓани кои ќе придонесат во процесот на донесувањето на законската регулатива.

Повеќе

6.11.2019

Царовска во Стејт департментот: Работиме на намалување на детската сиромаштија и решавање на проблемите на децата на улица

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска при официјалната посета на Вашингтон, САД се сретна со Марсиа Еугенио, директорка на канцеларијата за детски труд, присилна работа и тргвија со луѓе во Стејт Дeпертментот. На состанокот на којшто присуствуваше и целиот тим на Канцеларијата, Царовска и Еугенио разговараа за реформите коишто Република Северна Македонија ги направи во делот на детската заштита но и за идните процеси поврзани со детската заштита.

Повеќе

4.11.2019

МТСП: Исплата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека се врши исплата на долунаведените права за месец октомври 2019 година.

Повеќе

5.11.2019

Светска банка ја препозна социјалната реформа како позитивен пример во регионот

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска се сретна со директорот за социјална заштита во Светска Банка Михал Рутковски и неговиот тим при официјалната посета на Вашингтон, САД. На средбата Царовска и Рутковски разговараа за успешната имплементација на социјалната реформа во Северна Македонија. Министерката Царовска рече дека приорите на Министерството за труд и социјална политика е да продолжи со спроведување на процесите коишто носат до подобри услови за живот и благосостојба на граѓаните.

Повеќе

4.11.2019

МТСП: 2.631 лице се стекнаа со социјална пензија 

Од почетокот на спроведувањето на социјалната реформа до сега 2.631 лице се стекнаа со правото на користење на социјална пензија предвидена со законската регулатива за социјална сигурност на стари лица. Месечниот надоместок изнесува околу 6.000 денари, средства со кои социјално се обезбедуваат лицата над 65 години коишто немаат други извори на егзистенција.

Повеќе

1.11.2019

Царовска за Гласот на Америка: Повеќе од 120.000 граѓани ги чувствуваат придобивките од социјалната реформа

Во рамки на нејзината работна посета во Соединетите Американски Држави министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска даде интервју за медиумот „Гласот на Америка“.

Повеќе
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->