31.10.2019

Со вкупен грант од 10,8 милиони евра од МТСП општините ќе развиваат социјални услуги на локално ниво 

Градоначалници и други преставници од локалните самоуправи денеска во просториите на ЗЕЛС учествуваа на презентација на “Проектот за подобрување на социјалните услуги“. Презентацијата ја организираше Министерството за труд и социјална политика во соработка со Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Северна Македонија,  а целта на настанот беше локалните власти детално да се информираат за можности за развој на социјални услуги во локалната заедница, согласно со потребите на корисниците. 

Повеќе

30.10.2019

МТСП: Со воведување на  Управување со случај во Центрите за социјални работи обезбедуваме полесен пристап до социјалните услуги за граѓаните 

Министерството за труд и социјална политика ја спроведува втората фаза од обуките за водење на случај и докуметација, којшто е нов метод на работа предвиден со социјалната реформа и во пракса треба да профункционира кон крајот на годинава. Во обуките се вклучени 650 вработени од сите центри за социјални работи и Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.  

Повеќе

29.10.2019

МТСП: Работиме на унапредувањето на родовата еднаквост

Делегација на Министерството за труд и социјална политика предводена од државната секретарка Јована Тренчевска и претставници на канцеларијата на UN Women во Скопје и Граѓанската Организација ХЕРА, во Женева, учествуваат на Регионалниот преглед на Извештајот Пекинг +25, во рамки на Пекингшката декларација и Платформа за акција, на кој Република Северна Македонија како лидер во регионот ги даде препораките за кои Владите од земјите на Западен Балкан и Турција ќе се залагаат да ги реализираат во периодот кој следи, а во насока на унапредување на родовата еднаквост. 

Повеќе

29.10.2019

МТСП: Неколкукратно зголемен буџетот за превенција и заштита од семејно насилство

Имплементацијата на постојниот Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, беше тема на дискусија на јавна расправа што денеска се одржа на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во Собранието на Република Северна Македонија.

Повеќе

29.10.2019

Царовска на министерска панел дискусија за социјалните реформи во седиштето на Светска банка во Вашингтон

„Политичко економски фактори во реформите и спроведувањето на социјалната заштита “, беше тема на министерската панел дискусија на којашто учествуваше министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во седиштето на Светска банка во Вашингтон. Со овој панел започна неколкудневната обуки за социјална работа и заштита коишто се одржуваат во Светска банка.

Повеќе

25.10.2019

Царовска: Децата од најмала возраст треба да стекнуваат навики за заштита на животна средина

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, заменик министерот Ѓонул Бајрактар, градоначалникот Висар Ганиу, и швајцарската амбасадорка Сибил Сутер Техада денеска присуствуваа на првиот едукативен настан од проектот „Чисти и здрави“ што ќе се спроведува во градинките низ Општина Чаир.  Спроведувањето на проектот со којшто се јакне свеста за еколошката средина започна во градинката „Фидани“ и нуди едукативни содржини наменети за децата од предучилишна возраст.

Повеќе

24.10.2019

МТСП: 421 лице доби неповратни средства за самовработување

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска и постојаната претставничка на УНДП во Северна Македонија Нарине Сахакјан денеска во Тетово се сретнаа со невработени лица коишто се селектирани за користење на неповратни средства од програмата за Самовработување. Од вкупно 421 дополнително селектирано лице за кои се обезбедија средства од ребалансот на годинешниот буџет најголем број, односно 81 се од Тетово. Овие лица по успешно изработениот бизнис план набрзо ќе може да ги регистрираат своите фирми и ќе почнат со работа.

Повеќе

24.10.2019

Бајрактар: Заеднички и континуирано работиме на подигнување на јавната свест за безбедност и здравјето при работа

Заменикот министер за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар во своето обраќање по повод Европската недела за безбедност и здравје при работа подвлече дека оваа тема е особено значајна и актуелна, имајќи ги во предвид истражувањата и анализите кои недвосмислено покажуваат дека сè поголем број на работници на своите работни места се изложени на влијанија на опасни супстанции. Имено, Министерството за труд и социјална политика, во соработка со Националниот совет за безбедност и здравје при работа, се приклучи на одбележувањето при што во фокусот е Кампањата за здрави работни места, која ја организира Европската агенција за безбедност и здравје при работа (EU-OSHA) и е посветена на темата: „Управување со опасни супстанции на работно место“.

Повеќе

18.10.2019

МТСП посветено работи на развивање и подобрување на националните политики за превенција од трговијата со луѓе

Стратешка определба на Владата на РСМ и на Министерството за труд и социјална политика е борбата против социјалната исклученост и дискриминацијата, промовирање на социјална правда и социјална заштита и унапредување на рамноправноста меѓу жените и мажите, момчињата и девојчињата. Ова го потенцираше државната секретарка на Министерството за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, која се обрати на промоцијата на Кампањата за подигање на свеста на ранливите заедници за опасностите поврзани со трговијата со луѓе, со посебен фокус на трговијата со луѓе за сексуална и трудова експлоатација и за детски бракови како ризик за појава на трговија со деца,  а со цел одбележување на Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе.

Повеќе

18.10.2019

Пуштен во употреба проширениот дел на градинката Праскичка, Росоман доби простор за повеќе деца

Заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар, градоначалникот на Општина Росоман Бранко Јанев и извршната директорка на Фондацијата Отворено Општество Македонија Фани Каранфилова-Пановска, денеска присуствуваа на отворање на објект за згрижување и воспитание на децата во Општина Росоман. Објектот којшто е дел од ЈОУГД “Праскичка” од темел е реновиран со поддршка од Фондацијата отворено општество Македонија, средства од Министерството за труд и социјална политика и Општина Росоман. 

Повеќе

17.10.2019

Царовска: “Сивиот дом” на нашиот социјален систем од денеска замина во историјата  

Во двата мали групни домови отворени денеска се згрижени децата кои досега престојуваа во поранешната установа „Ранка Милановиќ“. Од денеска натаму, трите институции за згрижување деца без родителите и родителска грижа, деца со воспитно-социјални проблеми и деца со интензивна потреба од поддршка и рехабилитација обезбедуваат индивидуална грижа во мали групни домови, во топла средина налик на семејната.  

Повеќе

16.10.2019

Царовска: Кавадарци доби нов простор за згрижување на 125 деца во градинките

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев денеска го пуштија во употреба проширениот дел од градинката „Снежана”.  Со доградбата на овој објект, но и со доградбата на градинката „Детелинка“, Кавадарци добива дополнителен простор за згрижување на вкупно 125 деца. 

Повеќе

15.10.2019

Регионот  треба да размислува за заедничка социјална платформа која ќе донесе благосостојба за сите

Регионот треба да размислува за заедничка социјална платформа и треба да размислува за заеднички политики за заеднички социјални политики кои ќе донесат до благосостојба за сите. Верувам дека ќе успееме сите заеднички да го направиме тоа. 

Повеќе

15.10.2019

Со покачувањето на минималната плата на 14.500 денари ги враќаме парите кај граѓанитеи ја заштитуваме најранливите граѓани

Во свечената сала на Владата на Република Северна Македонија денеска се одржа состанок, на кој  премиерот Зоран Заев, заменикна претседателот во Владата задолжен за економските прашања Кочо Анѓушеви министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, заедно со претставниците на Синдикатите, Организацијата на работодавачите и Стопанските коморидоговорија новата минимална плата во нашата земја да изнесува 14.500 денари.

Повеќе

15.10.2019

Ја зголемивме поддршката за најранливите, создаваме подобра перспектива за сите

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска денеска со неколку поранешни министри и актуелни функционери од регионот дебатираше на панел дискусија посветена на политиките против сиромаштијата, во рамки на регионалната конференција „Ефективна социјална заштита: поддршка на деца, семејства и заедници во борбата против сиромаштијата“. 

Повеќе

14.10.2019

Царовска: Сите 27 деца од Мајчин дом Битола се преселени во топол дом

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, заменик претседателката на Влада, Радмила Шекеринска и градоначалничката на Битола Наташа Петровска денеска посетија уште три од вкупно петте групни домови во кои се сместени деинституционализирани деца до 3 годишна возраст од Мајчин дом во Битола.  

Повеќе

14.10.2019

Секое семејство добива социјален работник кој ќе ги води до извлекување од сиромаштија

Во рамки вторите две панел дискусии од регионалната конференција „Ефективна социјална заштита: поддршка на деца, семејства и заедници во борбата против сиромаштијата“ се разговараше за улогата на социјалните услуги, управувањето со случај и приходните трансфери во намалувањето на сиромаштијата.

Повеќе

14.10.2019

Со вложување во раниот детски развој ја намалуваме сиромаштијата

На регионалната конференција „Ефективна социјална заштита: поддршка на деца, семејства и заедници во борбата против сиромаштијата“ обраќање на тема детска сиромаштија имаше Пол Стабс, виш истражувачки соработник, Економски институт, Загреб, Хрватска.

Повеќе

14.10.2019

Децата коишто растат во сиромаштија имаат 75% помали шанси за развој

На регионалната конференција „Ефективна социјална заштита: поддршка на деца, семејства и заедници во борбата против сиромаштијата“ обраќање на тема детска сиромаштија имаше Пол Стабс, виш истражувачки соработник, Економски институт, Загреб, Хрватска.

Повеќе

14.10.20119

Над 22 илјади деца земаат детски додаток, со социјалната реформа ја намалуваме детската сиромаштија

По повод Меѓународниот ден за борба против сиромаштија, Министерството за труд и социјална политика, во соработка со Институтот за социјална работа и социјална политика Скопје и канцелариите на УНИЦЕФ и Светска Банка организира регионална конференција на тема „Ефективна социјална заштита: поддршка на деца, семејства и заедници во борбата против сиромаштијата”.

Повеќе

10.10.2019

Креираме активни мерки за вработување за 2020 година според потребите на регионите и бизнисот

Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување, бизнис заедницата, локалниот економско социјален совет, и останатите засегнати страни денеска во Битола ја одржаа втората регионална средба за креирање на новиот оперативен план за активни мерки за вработување за 2020 година. Конкретните предлози се очекува да произлезат од Локалниот економско социјален и стопанствениците од Битола, Ресен, Кавадарци, Велес, Демир Хисар и Прилеп кои треба да ги дадат своите сугести за реалните потреби на пазарот на труд.

Повеќе

9.10.2019

Уште 7 лица од Заводот Бања Банско добија топол дом

Уште 7 лица од ЈУ Завод за заштита и рехабилитација Бања Банско добиваат топол дом. Министерството за труд и социјална политика обезбеди 4 станбени единици во Струмица кои се целосно прилагодени за нивните потребите. Се работи за корисници кои изразија желба да ја напуштат установата и после 20-30 години сместени во неа ќе продолжат да живеат самостојно.

Повеќе

9.10.2019

Бајрактар на Детска недела: Се обврзавме до 2021 да го зголемиме за 50% опфатот на деца од предучилишна возраст во установите

Заменикот министер за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар присуствуваше на првата меѓуопштинска детска олимпијада „Нека победи највеселиот”, по повод Детската недела, а во организација на Општина Бутел и детската градинка „11 Октомври”. 

Повеќе

9.10.2019

Предлог Законот помина на владина седница, до 100 евра субвенции за повисоки плати

На вчерашната 158 седница, Владата на Република Северна Македонија го утврди текстот на Предлог - законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата.

Повеќе

8.10.2019

Ќе се градат 5 нови градинки, отвораме простор за вкупно 760 дечиња

Министерството за труд и социјална политика денеска потпиша договори за грантови за изградба на нови градинки со пет општини во вкупен износ од 228.100.000,00 денари.

Повеќе

8.10.2019

Отворен нов групен дом во Скопје,  во него се згрижени 4 лица над 18 години од заводот Демир Капија

Отворен е нов групен дом во Скопје, каде што се згрижени 4 лица над 18 години, корисници на Специјалниот завод  Демир Капија.

Повеќе

4.10.2019

Промовиран првиот Национален извештај за родов индекс со чија помош треба да се намали нееднаквоста во сите области во Северна Македонија

Државната секретарка во Министерството за труд и социјална политика Јована Тренчевска денеска се обрати на конференција за Националниот индекс за родова еднаквост и го претстави Националниот извештај за родов индекс на Република Северна Македонија.

Повеќе

4.11.2019

МТСП: Исплата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека се врши исплата на долунаведените права за месец октомври 2019 година.

Повеќе

3.10.2019

Царовска: Во консултација со локалните бизниси продолжуваме да креираме успешни активни мерки за вработување за 2020 година

Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување, бизнис заедницата, локалниот економско социјален совет, и останатите чинители денеска во Тетово на регионален состанок почнаа широка консултација за новиот оперативен план за активни мерки за вработување за 2020 година. Конкретните предлозите се очекува да произлезат од Локалниот економско социјален совет како и од членовите на Стопанската комора на северозападна Макeдонија и останатите стопански комори.

Повеќе

2.10.2019

Нема повеќе деца до три години во институциите во Северна Македонија продолжуваме посветено и со љубов да се грижиме за секое дете

Ниту едно дете до три годишна возраст повеќе не живее во институциите во Северна Македонија. Со денешното отворање на петте мали групни домови во Битола, Министерството за труд и социјална политика со своите партнери го започна процесот на целосна трансформација на „Мајчин дом“ и сите 27 деца се веќе преселени во објекти коишто наликуваат на топол семеен дом.

Повеќе
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->