Очекувани придобивки од реформата

Покрај обезбедувањето долгорочна солвентност на пензискиот систем, реформата посредно или непосредно ќе изврши позитивно влијание и врз неколку други значајни области на економијата на државата. Тоа се, пред сe, влијанието врз развојот на пазарот на капитал и пазарот на работна сила, а како особено важен се смета ефектот врз јавните финансии, област во која долгорочно се очекува големо релаксирање.

Од друга страна, двостолбниот пензиски систем ќе придонесе за зголемување на приходите на граѓаните и, со тоа, подобрување на квалитетот на живот во државата. Тоа значи дека позитивни ефекти од реформата се очекуваат на две нивоа:

а) Ефекти за поединецот

 Од аспект на поединецот новиот пензиски систем обезбедува поголема сигурност бидејќи финансирањето на пензиите ќе се врши од два, односно од три извори. На овој начин ќе се постигне диверзификација на ризиците што секој систем ги носи сам по себе. Имено, на демографскиот удар, кој ги погаѓа сите тековно финансирани системи, капитално финансираните пензиски системи се отпорни, додека економско пазарните и берзанските законитости имаат свое влијание само врз капитално финансираните системи. Затоа, постоењето на комбиниран пензиски систем обезбедува двата столба еден со друг да се потпомагаат преку нивно надополнување и полесно амортизирање на ризиците, со што се постигнува повисок степен на сигурност. Од руга страна, со воведувањето на лични (приватни) сметки, со цел да се инвестираат средствата што се акумулираат на тие сметки, дава можност за обезбедување на поголеми приходи за деновите на староста. Транспарентноста на работењето на овој вид пензиски систем е важна карактеристика од причини што поединецот во секое време ќе знае со колку средства располага на својата сметка, во какви инструменти е инвестиран неговиот имот и каква добивка се остварува од инвестирањето.

б) Ефекти за системот

Во однос на пензискиот систем во целина, повеќеслојноста помага да се обезбеди солвентен пензиски систем, и тоа на долг рок, што е цел на секоја држава при креирањето на социјалната политика. Со намалувањето на обемот на државниот пензиски систем за сметка на воведување на капитално финансиран систем, обврските на државниот систем на долг рок ќе се намалат, со што истовремено ќе се постигне и намалување на јавната потрошува~ка во делот на пензиите.
За разлика од тековно финансираниот пензиски систем, кој не го поттикнува штедењето на населението поради генерациската солидарност, системот финансиран на капитална основа ќе придонесе за зголемување на националните заштеди на долг рок, а тоа, пак, ќе претставува инструмент за развој на финансискиот пазар и зајакнување на капацитетот на инвестирањето што }е резултира во раст на економијата.
На долг рок пензиската реформа ќе доведе и до зголемување на ефикасноста на македонскиот пазар на труд, кој денес се карактеризира со голема диспропорција меѓу понудата и побарувачката на работната сила. Јазот помеѓу бруто и нето платите во Македонија е голем, а во него учествува и придонесот за пензиско и инвалидско осигурување со 20% од бруто платите. Со реформата долгорочно се очекува создавање услови за намалување на придонесот, а со тоа и намалување на цената на трудот. Тоа ќе има влијание врз зголемувањето на учеството на работната сила во економскиот систем на земјата, што }е значи намалување на невработеноста, како и влијание врз преминот на работниците од неформалниот во формалниот сектор на економијата.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }