Втора дозвола за вршење на дејност управување со доброволни пензиски фондови 
 
Издадена и втора дозвола за вршење на дејност управување со доброволни пензиски фондови и второ условно одобрение за управување со доброволен пензиски фонд. Управниот одбор на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, на седницата одржана на 24.08.2009 година, донесе Одлука со која на КБ Прво друштво за управување со пензиски фондови АД Скопје му се издава дозвола за вршење на дејност управување со доброволни пензиски фондови и условно одобрение за управување со доброволниот пензиски фонд „КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд -Скопје“. По извршената промена на регистрацијата во Централниот регистар на Република Македонија условното одобрение за управување со доброволен пензиски фонд станува полноважно. Со ова се проширува бројот на друштва кои управуваат со доброволни пензиски фондови и бројот на доброволни пензиски фондови. Имено, првата дозвола за за вршење на дејност управување со доброволни пензиски фондови беше издадена на Акционерското друштво за управување со пензиски фондови „НОВ ПЕНЗИСКИ ФОНД“ Скопје кое управува со доброволниот пензиски фонд „ОТВОРЕН ДОБРОВОЛЕН ПЕНЗИСКИ ФОНД НЛБ ПЕНЗИЈА ПЛУС“.

Зачленувањето и уплатата на доброволните придонеси во овој фонд започнаа на 15 јули 2009 година. Целта на доброволното капитално финансирано пензиско осигурување во Република Македонија е обезбедување повисок приход по пензионирањето за осигурениците кои се веќе осигурани во едностолбниот или двостолбниот пензиски систем, обезбедување пензија на лицата кои не се опфатени со задолжителното пензиско осигурување лично за себе или од други лица и обезбедување предуслови за воспоставување на професионални пензиски шеми во процесот на усогласување на системот на социјално осигурување во Македонија со системот во Европската унија.

Во доброволното осигурување може за да се зачлени секое лице на возраст од 15 до 70 години, освен лицата кои оствариле право на старосна или инвалидска пензија согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување или повлекуваат средства согласно Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување. Уплаќачот на доброволен придонес има право слободно да ја одредува висината на уплатениот износ на доброволен придонес и динамиката на уплатата. Средствата од третиот столб може да се користат за пензиски надомест по навршување 52 години возраст за жени, односно 54 години возраст за мажи или во случај на општа неспособност за работа, без оглед на возраста. Во случај на смрт на членот средствата се наследуваат.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }