30.9.2019

Регионална иницијатива за подобрување на можностите за вработвање на младите лица 

Заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар учествуваше на конференцијата за запознавање и промоција на регионалниот проект „Зајакнување на млади преку нови можности, кој ќе се спроведува во Северна Македонија, Србија, Косово, Албанија и Босна и Херцеговина кој го спроведува СОС Детско село во соработка со Херман Гмајнер Фонд Германија. 

Повеќе

30.9.2019

Регионална средба за Пекингшка декларација, голем напредок за родовата еднаквост во Северна Македонија

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска присуствуваше на отворањето на регионалниот состанок за следење на напредокот на Пекингшката декларација и Платформа за акција за родова еднаквост (Пекинг +25), што се одржува во Скопје. 

Повеќе

25.9.2019

Бајрактар: Владата на Република Северна Македонија и понатаму останува главен промотор на социјалниот дијалог

Заменик министерот Ѓонул Бајрактар се обрати на Конференција на економско социјалните совети на Западен Балкан во организација на Меѓународната организација на трудот и Европска Комисија.

Повеќе

22.9.2019

Бајрактар: МТСП и во иднина ќе продолжи да ја унапредува соработката со Сојузот на здруженијата на пензионерите со цел да го подигнеме животниот стандард на пензионерите

Заменикот министер за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар од Радовиш по повод 24-те републички пензионерски спортски натпревари во организација на Сојузот на здруженијата на пензионерите порача дека Министерството за труд и социјална политика во континуитет се залага за обезбедување на достоинствен живот на старите лица и пензионерите, преку преземање на мерки за унапредување на социјалната положба и интеграција и подобрување на животниот стандард на корисниците на пензија.

Повеќе

20.9.2019

Царовска: Компаниите да работат за достоинството на своите вработени, заедно ги гарантираме нивните права

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, се обрати на конференција реализирана во рамки на проектот „Поттикнување на принципите за бизнис и човекови права“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Здружението Конект и Бизнис Конфедерација.

Повеќе

20.9.2019

Царовска: Со поддршка на мобилните тимови 15 деца на улица се вклучија во образование, а 15 нови деца го посетуваат дневниот центар во Кисела Вода

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска го посети Дневниот центар за деца на улица во Кисела Вода.

Повеќе

17.9.2019

Почнаа обуки за советници за работодавачи, се подобрува квалитетот на услугите на центрите за вработување 

Педесетина вработени од 30 центри за вработување ја започнаа првата тридневна обука за новите профили на вработени – советници за работодавачи. Обуките се спроведуваат за да се унапредат професионалните капацитети на вработените, како и советодавни услуги. Целта е на тој начин да се обезбедат нови начини и пристапи во дневната комуникација на вработените со надворешни субјекти.

Повеќе

13.9.2019

Царовска: Само со дијалог можеме да креираме мерки за вработување кои ќе бидат добри за сите

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска денеска говореше на панел дискусија посветена на „Недостатокот на квалитетна работна сила и за иновациите во индустриите“, на Балканскиот претприемачки самит што се одржува во Скопје.

 

Повеќе

12.9.2019

Царовска: Босилово за прв пат добива градинка

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, заедно со градоначалникот на Општина Босилово Зоран Зимбаков, денеска беа на увид на градежните активности на новата градинка во селото. Вкупниот капацитет на објектот е за 60 деца и се гради во населено место кадешто досега немаше градинка.

Повеќе

12.9.2019

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска во Собранието на Република Северна Македонија го презентираше годишниот Извештај на Стратегијата за родова еднаквост за 2018 година.

На 9 октомври 2018 година Владата на РСМ го усвои Националниот акциски план за имплементација на Истанбулската Конвенција за период 2018-2023. Во неговата изработка беа вклучени релевантни институции, граѓанскиот сектор, претставници од законодавниот дом и судии. Со цел усвојување на единствена правна рамка што ги уредува сите форми на родово базирано насилство, до крајот на 2018 година престои формирање на работна група за изработка на предлог-Закон за родово базирано насилство.

Повеќе

12.9.2019

МТСП: Ги доближуваме социјалните услуги до граѓаните

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, Софи Беамонт, преставничка на Делегацијата на ЕУ во Скопје и Роберт Кроис, тим лидер на проектот, денеска во Дневниот центар за Даунов сидром во Скопје со симболичен настан го означија стартот на проектот „Поддршка за модернизација и деинституционализација на социјалните услуги“. Проектот е финасиран од Делагацијата на ЕУ во Скопје, а го спроведува „Ептиса“.

Повеќе

11.9.2019

МТСП: Обезбедуваме полесен пристап до социјалните услуги за граѓаните - Започнува имплементацијата на новиот пристап - Управување со случај во Центрите за социјална работа

Од 10 до 13 септември во Струга, стручни работници од МТСП, ЦСР, установи за социјална заштита и граѓанскиот сектор посетуваат обуки за тренери за интегрирано управување со случај и документација. 

Повеќе

11.9.2019

Царовска: Брвеница за првпат ќе добие градинка со капацитетет за 80 деца

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и градоначалникот Енвер Пајазити денеска беа на увид на градежните активности на новата градинка во Општина Брвеница. Со новиот објект се обезбедува простор за 80 деца, и тоа во населено места кадешто досега воопшто немаше градинка.

Повеќе

10.9.2019

Царовска: Преку јакнење на економско-социјалниот дијалог на локлано ниво до ефикасни мерки за врботување

Министерката за труд и социјална политика  Мила Царовска, денеска присуствуваше на отворањето на дводневната работилница  „Кон систем за предвидување на потребни вештини во Северна Македонија“. Целта на работилницата е зајакнување на социјалниот дијалог  преку кој се создаваат повеќе и подобри работни места. Работилницата којашто се одржува во Скопје ја спроведува Меѓународната организација на трудот во соработка со Европската Комисија и Европската фондација за обуки.

 

Повеќе

6.9.2019

Царовска: Шуто Оризари добива нова современа градинка, вложуваме во иднината на нашите деца

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, заедно со министерот за внатрени работи и вицепремиер Оливер Спасовски, градоначалникот на општина Шуто Оризари Курто Дудуш, првиот секретар  на Норвешката амбасада во Белград, Геир Хакон Јохансен и Нарине Сахакијан, постојана претставничка на УНДП во Република Северна Македонија денеска ја посетија градинката „8 Април“ во Шуто Оризари, која ги прави последните технички подготовки за отпочнување со работа.

Повеќе

4.11.2019

МТСП: Исплата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека се врши исплата на долунаведените права за месец октомври 2019 година.

Повеќе

5.9.2019

Царовска:Крива Паланка доби простор за уште 40 деца, продолжуваме да градиме плански и да инвестираме во раниот детски развој

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, Фани Каранфилова-Пановска, извршна директорка на Фондацијата Отворено општество –Македонија и градоначалникот Борјанчо Мицевски денеска го отворија реконстуираниот дел од градинката „Пролетна Роса“ во Крива Паланка. Градинка е дел од ЈУДГ „Детелинка“ и со реализираните градежни активности капацитетот на објектот се прошири за уште 40 деца, со што сега оваа градинка располага со вкупен капацитет за 380 деца.

Повеќе

4.9.2019

Реакција на Интер-ресорската советодавна и консултативна група за еднакви можности

Изразуваме сериозна загриженост за сексизамот насочен кон министерката за финансии Нина Ангеловска, изразен во медиумите, социјалните мрежи и јавноста.

Особено го осудуваме сексистичкото, деградирачко говорење на политичари кои наместо да бидат активни партнери и да ги поддржуваат жените политичарки, користејќи ги техниките на доминација и двојни стандарди за женската сексуалност, ги исмејуваат, ги омаловажуваат, ги објективизираат и деградираат жените.

 

Повеќе

4.9.2019

Царовска: Градиме социјален систем кој вистински се грижи за граѓаните

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, присуствуваше на  Конференцијата организирана од универзитетскиот центар во Дубровник, на тема Социјална работа и општествени промени. Социјалната реформа спроведена од МТСП беше посочена како позитивен пример за тоа како владата се грижи и инвестира во луѓето. 

Повеќе

3.9.2019

МТСП: На располагање 10,8 милиони евра, ги повикуваме општините да развиваат социјални услуги

Вкупно 10,8 милиони евра од Министерство за труд и социјална политика се ставени на располагање на општините во Република Северна Македонија за развој на социјални услуги на локално ниво за следните 5 години. Министерството ги повикува општините да пројават интерес и да аплицираат за грантови наменети за непосредна социјална услуга, помош на индивидуа или семејство, домашна нега, лична асистенција, дневна нега, привремена грижа, мали групни домови, дневни центри и услуги за живеење со поддршка и други иновативни услуги во заедницата.

 

Повеќе
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->