Надлежности на Советот за социјална сигурност

Согласно став (2) на член 117-а од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на РМ“ бр. 160/14), Советот за социјална сигурност ги има следниве надлежности:

1) ги следи, проучува и оценува влијанието на мерките на економската и социјалната политика врз социјалната положба на корисниците на пензија;

2) ги разгледува ефектите од имплементација на законите и проектите за пензионерите и предлага мерки и активности за подобрување на стандардот на корисниците на пензија до Владата на Република Македонија;

3) дава мислења по предлози на закони од областа на социјалното осигурување и социјалната заштита и

4) дава мислења и предлози на министерот за труд и социјална политика во врска со прашања утврдени со овој закон.

Главна цел за основање на Советот за социјална сигурност е заштита и промоција на социјалните права и интереси на корисниците на пензија и преземање на мерки за унапредување на социјалната положба и интеграција и подобрување на животниот стандард на корисниците на пензија се основа Совет за социјална сигурност.

Членови на Советот за социјална сигурност
Со Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на РМ“ бр. 160/14), а со цел заштита и промоција на социјалните права и интереси на корисниците на пензија и преземање на мерки за унапредување на социјалната положба и интеграција и подобрување на животниот стандард на корисниците на пензија се основа Совет за социјална сигурност.

Согласно став (1) на член 117-б од горенавдениот закон, членовите на Советот за социјална сигурност ги именува министерот за труд и социјална политика за време од четири години, и тоа три члена на предлог од Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија и по еден член на предлог од останатите институции. 

Во согласност со наведената одредба, за членови на Советот на социјална сигурност се именувани следните лица:

 

  • Стојанче Стефановски–Сојуз на здруженија на пензионери на Република Македонија; 
  • Станка Трајкова-Сојуз на здруженија на пензионери на Република Македонија; 
  • Бесник Поцеста-Сојуз на здруженија на пензионери на Република Македонија;
  • Ирена Ристеска–Министерство за труд и социјална политика;
  • Виктор Лазароски–Министерство за финансии;
  • Билјана Мицковска–Министерство за економија;
  • Јован Грповски–Министерство за здравство; 
  • Трајко Премчески–Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија;
  • Даниела Јовческа Ѓуровска–Фонд за здравствено осигурување на Македонија;
  • Љупка Петковска–Црвен крст на Република Македонија;
  • Елизабета Видовиќ-Агенцијата за супервизија на капиталното финансирано пензиско осигурување;
  • Давор Вукадиновиќ-Акционерско друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови НЛБ Нов пензиски фонд – Скопје;
  • Јанко Тренкоски-КБ прво друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови АД Скопје и
  • Татјана Вељковиќ-Кабинет на заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори.

Согласно став (2) на член 6 од Деловникот за работа на Советот за социјална сигурност, претседателот на Советот и заменик претседателот се избираат со мнозинство гласови од членовите на Советот за време од една година. Имено, за претседател на Советот за социјална сигурност е избран членот Љупка Петковска од Црвен крст на Република Македонија, а за заменик претседател членот Станка Трајкова, секретар на Извршниот одбор на Сојузот на здруженија на пензионери на Република Македонија.

Документи

Деловник за работа на Советот за социјална сигурност

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->