Заменик министерот за труд и социјална политика во работна посета на Кавадарци

Министерството за труд и социјална политика и Владата на Република Македонија се залагаат за изградба на што повеќе инклузивни игралишта за  децата со интелектуална попреченост во развојот бидејќи тие придонесуваат за подобар и побрз развој на децата. Во таа насока, заменик-министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими го посети новоизграденото инклузивно игралиште во Кавадарци при што изјави:

“Во Македонија веќе има три инклузивни игралишта за  децата со интелектуална попреченост во развојот и тоа во Кавадарци, Скопје и Струмица. Во завршна фаза е и игралиштето во Прилеп, а наредната година очекуваме уште три вакви игралишта во државата”, рече Ибрахими.

Во оваа прилика Ибрахими апелираше до локалните самоуправи во иднина да посветат внимание на отворање на вакви игралишта и изрази уверување дека многу од нив ќе го направат тоа во наредниот период. 

“Во вакви игралишта лицата со посебни потреби помалку можат да се повредат отколку во класичните. Верувам дека кавадаречкиот пример ќе го следат и други општини”, рече заменик-министерот.

Локацијата каде што е изградено игралиштето е општинска,  рекреативните реквизити во игралиштето се обезбедни со донација од „Фени индустри“, а придонес во опремувањето даде и Ротари клубот од овој град.


Ибраими го посети и малиот групен дом во Кавадарци, а претходно во Росоман го отвори дисперзираното одделение на меѓуопштинскиот центар за социјални работи од Кавадарци.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }