Царовска: Зрновци доби градинка за 60 деца, државата инвестираше 1,4 милиони денари во детска заштита во рурална општина

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска ја посети новоотворената градинка во Општина Зрновци, кочанско. За опремување на градинката „Бисерчиња“ која има капацитет за 60 деца, Министерството за труд и социјална политика издвои над 1,4 милиони денари, а парите за изградбата на објектот ги обезбеди општината.

„Посветено продолжуваме да работиме на изградба и на опремување на градинки и во руралните општини низ Македонија. Секое дете е важно и овозможувањето на услови за подобар раст и развој на сите деца е врвен приоритет на оваа Влада. Нашата цел е континуирано да ги зголемуваме просторните капацитети на детските градинки во земјава, но и да го подобриме квалитетот на програмите и да вклучиме што поголем број деца кои досега немаа можност да посетуваат градинка“, рече Царовска при посетата на градинката „Бисерчиња“, на која присустуваше и градоначалникот на Зрновци, Блаже Станков. 

Програмска цел на Владата e до 2020 година опфатот на деца во предучилишно образование да го зголеми за 50%. Министерството за труд и социјална политика, покрај тоа што работи на јакнење на капацитетите истовремено ги јакне и кадрите во установите за згрижување на деца од предшколска возраст. Од  1 јануари годинава досега МТСП обезбеди финансиска согласност за вработување на над 900 лица од кои поголемиот дел се на неопределено време. 

Низ Македонија досега се отворени 11 нови објекти, чија вкупна инвестиција од државата изнесува 37,3 милиони денари. До крајот на годината е предвидено да се отворат уште 11 нови објекти со што сумата за изградба, адаптација и опремување на градинки за периодот од јуни 2017 заклучно со декември 2018 година, издвоена од државата, ќе изнесува 71 милион денари.  

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }