Нови вработувања за децата без родители

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов на прес-конференција за медиумите информираше за Програмата Д 10 како конкретен чекор и проект за подобрување на состојбата и квалитетот на живеење за лицата кои до 18 годишна возраст имале статус на дете без родители и без родителска грижа.

“Поддршката на државата за овие лица е континуирана и сеопфатна, почнувајќи од периодот на детството па сè до вклучувањето на пазарот на трудот и вработувањето. Обезбедувањето на лична егзистенција преку вработување и интегрирање во општествениот живот е најважен чекор за овие лица. Како министерство, го поттикнуваме нивното директно вклучување на пазарот на трудот. Во оваа смисла клучен е Проектот Д-10, којшто е насочен за вработување на децата без родители и родителска грижа, односно лицата коишто имале таков статус до 18 години, во државната и во јавната администрација”, истакна Спасов.

Преку оваа Програма во 2013 година во јавната администрација се вработиле вкупно 83 лица коишто имале статус на деца без родители и родителска грижа до 18 години.
“Сакам да ја известам јавноста дека денеска (10.12.2014) ќе биде објавен јавен оглас  за вработување на 30 лица во рамки на Програмата  Д 10. Токму затоа, ги повикувам  сите заинтересирани лица кои до 18 годишна возраст имале статус на деца без родители и без родителска грижа и коишто  ги исполнуваат условите и критериумите наведени во огласот, да аплицираат во наредните 20 дена за добивање на соодветен работен ангажман во зависност од нивните квалификации”, рече Спасов и продолжи:

 “Министерството за труд и социјална политика, постапката за вработување ја спроведува согласно со Законот за државни службеници, и за таа цел ќе ги  извести центрите за социјална работа во Република Македонија за објавениот оглас, со цел навремено да се информираат  сите лица кои до 18 годишна возраст имале статус на деца без родители и родителска грижа”.

Сите оние коишто ги исполнуваат условите може да конкурираат за наведените  позиции во огласот според кој се бара 15 лица со високо образование и 15 лица со средно образование.

Министерот Спасов истакна дека самата постапка на вработување е докрај транспарентна и отчетна и повика во што поголем број да се поднесуваат апликации, и да се учествува и во другите мерки за вработување, а во сите нивни напори државата постојано помага и подржува.
На страницата на Министерството за труд и социјална политика www.mtsp.gov.mk, како и на сајтот на Агенцијата за администрација, сите заинтересирани може да најдат повеќе информации.

“Би потенцирал дека постојат низа други мерки наменети за оваа категорија, со кои дополнително им се нуди помош и поддршка. Во таа смисла после напуштањето на домот за згрижување секое лице коешто наполнило 18 години добива еднократна парична помош од 3.000 евра, сума значително повисока од порано, а за да им се овозможат услови за продолжување на образованието на додипломски и постдипломски студии, Министерството за труд им доделува по 24.000 денари месечна парична помош на 137 студенти. Понатаму доделени се 134 социјални станови, а 20 се во фаза на обработка.

Преку Агенцијата за вработување реализираме посебна мерка на субвенционирање на вработување на лица коишто имале статус на деца без родители и родителска грижа со која се вработени 34 лица”, рече Спасов и заврши:

“Продолжуваме со различни и бројни иницијативи во наредниот период за  лицата кои до 18 годишна возраст имале статус на дете без родители и без родителска грижа”.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }