Пуштена во употреба нова детска градинка во Василево

 

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за финансии Зоран Ставрески и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов заедно со градоначалникот на општина Василево Ване Стојанов, официјално ја пуштија во употреба новата Јавна општинска установа за деца - детската градинка во Василево „Прва радост“.


По тој повод заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за финансии Зоран Ставрески рече:“Задоволство е кога се завршуваат вакви инфраструктурни објекти кои им биле ветени на граѓаните со кој се подобрува животот и во посиромашните места.

Во оваа градинка ќе бидат згрижени околу седумдесетина дечиња од предучилишна возраст, со што ќе им се помогне во животот на младите родители. Градинката е направена со средства од ИПА програмата, преку Министерството за труд и социјална политика и општината и на тој начин решивме едно битно прашање од животот на овие граѓани”. 

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов рече дека Министерството ќе продолжи да ги реализира активностите од владиниот проект за изградба на 40 детски градинки во државата.

“Ова е деветата градинка по ред која годинава ја пуштаме во употреба. Ми претставува задоволство што општина Василево ја добива првата градинка во која ќе бидат згрижени 70 дечиња, кои добиваат квалитетни услови за згрижување и воспитување. Градинката ја опреми Министерството со средства во висина од 3,5 милиони денари”, рече Спасов.

Реализацијата на овој проект за градоначалникот Ване Стојанов е доказ дека општинската администрација е подготвена и располага со капацитет за реализација на уште поголеми потфати.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }