И З В Е С Т У В А Њ Е

Министерството за труд и социјална политика Ве известува дека Владата на Република Македонија на седница одржана на 25.12.2018 година, заклучи на ден 2.1.2019 година (среда) да го определи за неработен ден за вработените во државните институции, за кој дополнително ќе се одреди кога тој ден ќе биде одработен.

Истовремено МТСП  укажа дека  Владата препорачува, а не обврзува  овој заклучок  да важи и за приватниот сектор.                  

Со оглед на тоа дека 2.01.2019 година е можно да биде работен ден за дел од приватниот сектор, а родителите да имаат потреба од згрижување на своето дете, МТСП ги информираше градинките да ги известат родителите дека  згрижувањето на децата ќе се организира во еден  од објектите  на  установата.                 

Во тој контекст, препорачано е родителите благовремено да бидат известени во кој објект ќе се врши згрижувањето на децата.