МТСП: Негата за трето лице и понатаму ќе се исплаќа, се унапредуваат и други права на лицата со попреченост

Министерството за труд и социјална политика во Предлог- законот за социјална заштита којшто е во завршна фаза на подготовка не ги крати, туку ги унапредува правата на лицата со попреченост. Исто така, при подготовка на истите направени се конултации со засегнатите страни и разговарано е со здруженијата на лица со попреченост, самите лица со попреченост како и со родителите на децата со попреченост и земени се во предвид нивните барања и сугестии. 

Она што сакаме да го нагласиме во врска со законското решение е следното:

Лицата со попреченост ќе продолжат да го остваруваат правото на надосместок за помош и нега од друго лице,  заедно со второто право, односно правото за пореченост.

Се воведуваат две нови услуги во Законот , односно услугата за Лична асистенција и услугата Домашна нега. Ови две услуги ќе може да се користат без разлика дали лицето користи некое од паричните права споменати погоре.

Правото за попреченост кое досега го користеа само лицата со телесна попреченост, потполно слепите и потполно глувите лица, со новиот Закон ќе можат да го користат и лицата со интелектуална попреченост.

Се зголемува висината на надоместокот на плата за скратено работно време поради нега на дете со попреченост. Висината на надоместокот на плата ќе изнесува 50% од просечната плата на родителот за претходната година, но најмногу до 50% од просечната плата во Република Македонија за претходната година, објавена од Државниот завод за статистика.

Висината на Гарантираната минимална помош се зголемува за коефициент 0.5 за  првиот член, ако е лице со попреченост, односно за коефициент 0.2 за секое следно лице со попреченост во семејството, но најмногу за три члена. На овој начин се добива поголем износ на средства.

Се проширува правото на траен надоместок за самохран родител кој се грижел за дете со попреченост. Со новиот Закон правото  ќе важи за сите родители, не само за самохраните. Правото на траен надоместок го остварува  родител кој се грижел за детето до неговата 26 годишна возраст, без истото да биде сместено во установа за социјална заштита, кој е невработен и не користи право на пензија, по наполнување на 62 години на живот за жена, односно 64 години на живот за маж.

Се воведува нова услуга за одмена на семејна грижа. Истата ќе обезбедува краткотрајно згрижување на зависни членови од семејството заради одмена, одмор и задоволување на лични и професионални потреби на членови на семејството кои се грижат за нив. Ќе се зајакнува услугата за самостојно живеење со поддршка. Се воведуваат нови форми на згрижување , како што се привременото згрижување и роднинското згрижување. Сите овие новини значително ќе ги зголемат правата на лицата со попречност, ќе се зголеми обемот на услуги до коишто истите ќе имаат пристап,  ќе се преземат сериозни активности и ќе се вложат зголемени финансиски средства во индивидуалните услуги кои ќе овозможат независен  и живот на лицата во нивното место на живеење и нивно поголемо социјално вклучување.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }