Трипартитна работилница 

Студијата „Влијанијата од зголемувањето на минималната плата во Македонија во 2017“, како и Глобалниот извештај за платите(2018-2019) и Глобалниот извештај за грижата за други лица како работа и соодветните работни места, беа тема на трипартитната работилница на која учествуваа претставници од Министерството за труд и социјална политика и претставници на социјалните партнери Организацијата на работодавачи на Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати на РМ и Сојузот на синдикати на Македонија. 

На работилницата организиарна од Меѓународната организација на трудот фокусот беше ставен на коментарите за усогласеноста на Законот за минимална плата со Конвенцијата за одредување на минимална плата на Меѓународната организација на трудот, но и на влијанието на минималната плата во 2017 година врз економијата, пазарот на труд и потрошувачката во Република Македонија.

Меѓудругото, на работилницата беа предадени и официјалните коментари на Комитетот на Експерти за примена на Конвенции и Препораки на МОТ, во врска со примената на Конвенцијата за одредување на минимална плата на МОТ бр. 131 во Република Македонија.

Во коментарите посебно се истакнува усогласеноста на Законот за минимална плата во Република Македонија со Конвенцијата бр. 131, имајќи ги во предвид измените и дополнувањата на Законот кои беа усвоени и донесени во 2017 година, а кои се однесуваат на критериумите за годишното усогласување на минималната плата и мислењето од Економско – социјалниот совет.

Punëtori trepalëshe

Studimi “Ndikimet e rritjes së pagës minimale në Maqedoni në vitin 2017”, si dhe Raporti global i pagave (2018-2019) dhe Raporti global mbi kujdesin e personave tjerë për punën dhe vendet adekuate të punës ishin temë e punëtorisë trepalëshe, ku morën pjesë përfaqësues nga Ministria e Punës dhe Politikës Sociale dhe përfaqësues të partnerëve socialë-Organizata e Punëdhënësve të Maqedonisë, Konfederata e Sindikatave të Lira të Republikës së Maqedonisë dhe Lidhja e Sindikatave të Maqedonisë.

Në punëtorinë e organizuar nga Organizata Ndërkombëtare e Punës, fokusi ishte në komentet mbi harmonizimin e Ligjit të pagës minimale me Konventën për përcaktimin e pagës të Organizatës Ndërkombëtare të Punës, por edhe mbi ndikimin e pagës minimale në vitin 2017 ndaj ekonomisë, tregut të punës dhe konsumin në Republikën e Maqedonisë.

Ndër të tjera, në këtë punëtori u dorëzuan edhe komentet zyrtare të Komitetit të Ekspertëve mbi Zbatimin e Konventave dhe Rekomandimeve të ONP lidhur me zbatimin e Konventës për përcaktimin e pagës minimale të ONP nr. 131 në Republikën e Maqedonisë.

Në këto komente veçanërisht theksohet harmonizimi i Ligjit për pagën minimale në Republikën e Maqedonisë me Konventën nr. 131, duke marrë parasysh ndryshimet dhe plotësimet e Ligjit që u miratuan në vitin 2017, që u referohen kritereve për harmonizimin vjetor të pagës minimale dhe Mendimit të Këshillit Ekonomik-Social.