Облици за заштита на децата се

  •  згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст

Згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст е облик на заштита на деца кој како дејност се организира за згрижување, престој, нега, исхрана, воспитно-образовни, спортско-рекреативни, културно-забавни активности, мерки и активности за подобрување и зачувување на здравјето и за поттикнување на интелектуалниот, емоционалниот, физичкиот, менталниот и социјалниот развој на детето до 6 години живот, односно до вклучување во основото образование. Детска градинка може да обезбедува престој и исхрана и за деца над шест години, односно од поаѓање во основно училиште до десет години возраст.Згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст е облик на заштита на деца кој  го сочинуваат сите правни и физички лица на територијата  на Република Македонија чија основна дејност е вршење работи поврзани со  згрижување и воспитување на деца од предучилишна  возраст.   

Под правни лица се подразбираат установи  организирани како јавни установи и приватни установи .

Под физички лица, се подразбираат физички лица кои вршат одредени работи од дејноста  згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст.

Згрижување и воспитание на деца се организира во:

  1. Детски градинки;
  2. Центри за ран детски развој;
  3. Одредени работи од дејноста зрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст, односно до поаѓање во основното училиште на повик може да врши Агенција  за давање услуги за чување и нега на деца од предучилишна возраст, како и физички лица кои самостојно врши одредени работи од дејноста.
  • одмор и рекреација на децата

Одморот и рекреацијата на децата е облик на заштита на деца кој како дејност се организира за престој, активен одмор, социјализација на децата, воспитно-образовни, културно-забавни, спортско-рекреативни и други активности со децата за развивање на психомоторниот развој на децата и способност за договарање, почитување на разликите и соработка во групи, способност за прифаќање на себеси и другите и ориентација во просторот.

  • други облици на заштита

За развој на личноста на детето, талентот, менталните, физичките, креативните и другите способности, подготвување за самостоен и одговорен живот се обезбедуваат и други облици на заштита на децата како програмски активности од областа на културата, издавачката, згрижувачката и воспитната дејност, екологијата, уметноста, рекреативни и слободни активности и спортот.

Програмираните активности се остваруваат согласно со посебни програми кои ги изработува соодветна научна установа односно специјализирана стручна установа или институција, а ги донесува министерот.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }