Физички лица кои вршат домашно згрижување на деца од предучилишна возраст
 

Физички лица можат да вршат одредени работи од дејноста згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст под услови утврдени со Закон за заштита на децата. Физичко лице во сопствениот дом може самостојно да врши одредени работи од дејноста згрижување и воспитание на деца, како професионална дејност за организирање и остварување на згрижување или престој, нега и исхрана на деца од предучилишна возраст до шест години живот, односно до поаѓање во основно училиште и деца на возраст до 10 години живот, најмногу до пет деца и не помалку од два часа дневно.
Физичко лице во сопствениот дом  може самостојно да врши одредени работи од дејноста згрижување и воспитание на  деца, како професионална дејност и за организирање и остварување на згрижување или престој, нега и исхрана и за деца со пречки во менталниот развој или телесна попреченост до две деца на возраст до десет години живот  и не помалку од два часа дневно.

Физичко лице може самостојно да врши одредени работи од дејноста згрижување и воспитание на деца како професионална дејност доколку ги исполнува  условите утврдени во Законот за Заштита на децата и тоа:

  • да има најмалку средно образование;
  • да не му е одземено вршењето на родителско право; 
  • да има општа и посебна здравствена способност; 
  • да не му е одземена или ограничена деловната способност;
  • да не му е изречена казна со правосилна судска пресуда со која е осудено за кривично дело за семејно насилство, одземање на малолетно лице, негрижа или злоставување на малолетно лице или родосквернавење, за кривично дело од групата на дела против половата слобода, без оглед на изречената санкција и кај кое во согласност со законот е утврдено дискриминаторско однесување и
  • да располага со соодветен простор и опрема за работа доколку физичкото лице работите ги врши во сопствениот дом, со тоа  што просторијата каде што престојуваат децата  треба  да  има површина од најмалку 15 м2, просториите во кои ќе се одвиват активностите со децата треба да се функционално поврзани и одвоени од просториите кои ги користи семејството.


Физичкото лице  не може да врши одредени работи од дејноста згрижување и  воспитание на деца од предучилишна возраст  во сопствениот дом доколку во семејството има член кој е  болен од неизлечива заразна болест, зависник од дрога или друга психотропна супстанца или злоупотреба на алкохол, или доколку  на возрасен член на семејството не му е одземено или ограничено  родителското право .

Секое физичко лице кое самостојно врши одредени работи од дејноста згрижување и воспитание на  деца како професионална дејност задолжително треба да поседува важечка лиценца за работа, а доколку услугите ги пружа во сопствениот дом да добие и решение за вршење одредени работи од дејноста.                                                                               

Барањето за  добивање решение за  вршење на одредени  работи од  дејноста се поднесува до министерството.

 Министерот откако ќе констатира дека се исполнети условите за работа на подносителот на барањето му издава решение за вршење на одредени работи од дејноста врз основа на мислење на комисија составена од три члена, именувани од министерот.

Против решението може да се изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

По донесување на  решение, физичкото лице се запишува во соодветниот регистар на Централниот регистар на Република Македонија .  

Физичкото лице со барателот на услугата склучува договор во писмена форма во кој се уредува  времето, местото, начинот, видот и обемот на услугите кои ги дава физичкото лице.

Во договорот  се утврдува и износот на заработувачката која се определува зависно од времето на ангажирање, која ќе претставува основица за определување на придонеси од задолжително социјално осигурување согласно со закон.

Физичкото лице кое самостојно врши одредени работи од дејноста згрижување и воспитание на деца како професионална  дејност должно е:

  • да ги дава  услугите согласно со овој закон;
  • во вршењето на работата да ја почитува личноста на корисникот, неговото достоинство и неповредливоста на личниот и семејниот живот, како и да ги  чува како службена тајна податоците и информациите од личен и семеен карактер, како и да ја чува службената и професионалната тајна;
  • да води евиденција на корисниците и дадените услуги; 
  • да дава податоци за својата работа на барање на Министерството и
  • да доставува годишен извештај за својата работа до Министерството.
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }