Димитриев, Ибрахими и Поповски во посета на фабриката „Лион“ во Свети Николе

Претседателот на Владата на Република Макеонија Емил Димитриев заедно со министерот за труд и социјална политика Ибахим Ибрахими и директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски ја посетија фабриката за кондиторски производи „Лион“ во Свети Николе, каде што се вработени 176 лица, од кои 62 се лица со инвалидитет.

Менаџментот на фабриката “Лион” активно ги користи Владините мерки за вработување.

Имено, во рамките на Програмите за градење на мерките за вработување има еден посебен дел за стимулирање за вработување на хендикипирани лица. Само по основ на овој дел во Република Македонија се вработени над 4.500 луѓе. За тековната година Владата преку буџетот на Агенцијата за вработување има планирано нови 213 милиони денари кои што ќе бидат ставени на располагање на компаниите за користење на различни бенефити, за вработување на лица со хендикеп. Стимулативните мерки се преку доделување 20 просечни плати, преку доделување 100.000 денари за адаптирање на работното место, преку разна помош при набавување на опремата, што само по себе, доволно зборува колкава е помошта кај компаниите и стимулот да се вработува ова категорија на луѓе. .

Владата на Република Македонија и во наредниот период ќе продолжи со стимулирање на компаниите за вработување на лицата со посебни потреби, бидејќи ефектите веќе се гледаат.