Ибрахими: “Нашата интенција е да се доближиме до европскиот просек на опфат на децата во предучилишно образование”

Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски ја посетија новата занимална (доградба) во објектот „Детелинка“ во општината Ѓорче Петров.

Во оваа прилика министерот Ибрахими потенцираше дека ресорното министерство посветено и постојано работи на подобрување на условите за престој на децата во предучилишното образование, а доказ за ова е и новата занимална којашто ја посетија заедно со градоначалникот.

“Се што се гради е квалитетно и се повеќе ги подобруваме условите за престој на децата во предучилишно образование и воспитание. Работиме на зголемување на капацитетите во делот на предучилишното образование. Како Министерство во изминатиот период направивме огромен исчекор во делот на зголемување на капацитетите од нула до 6 години, од 9 % опфат на децата во 2006 година достигнавме до 26 % во 2016 година”, изјави Ибрахими.

Тој информираше и дека опфатот на децата од нула до три години од 12 %, во 2016 година достигнал до 40 %, но дека Министерството и Владата не застануваат тука.

“Нашата интенција е со проектот „140 градинки“ да се доближиме до оној европски просек од 90 проценти опфат на децата, но сепак за тоа треба време”, потенцираше министерот Ибрахими при што изрази надеж дека политичките услови ќе дозволат да се реализира овој проект.

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров Сокол Митровски информнираше дека во „Детелинка“ се згрижуваат 30 деца, а пред два месеци, беше пуштена во употреба уште една градинка во општината која што е во состав на училиштето „Ѓорче Петров“ и каде што се згрижија 150 деца.

“За еден краток период од седум-осум месеци капацитетите се зголемија за околу 250 деца, што е импозантна бројка. Таа бројка не ги задоволува потребите на граѓаните на општината Ѓорче Петров. Како што најави министерот во наредниот период општината ќе отпочне со изградба на други градинки посебно таму каде што наталитетот е поголем, а тоа е во руралниот дел. Многу скоро ќе почнеме со изградба на градинка во реонот на селото Волково”, потенцираше Митровски.

Тој најави изградба на четири нови градинки коишто ќе дадат придонес да се згрижат поголем број деца бидејќи околу 650 деца се уште чекаат на згрижување.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }