Потпишан Проектниот документ „Креирање можности за работа за сите (втор дел)“

Претставниците на Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување на Република Македонија и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) го потпишаа Проектниот документ „Креирање можности за работа за сите (втор дел)“ кој продолжува заедничкото партнерство за реализација на дел од активните мерки и програми за вработување за 2017 година.

Соработката на владините институции со УНДП е повеќегодишна и има за цел подобрување на условите за вработување и поддршката за невработените лица. Како резултат на истата, во последните 10 години, над 11.000 лица се стекнале со обука за претприемништво, над 8.700 отвориле сопствен бизнис. 35% од ново-отворените бизниси се раководени од жени, а 31% од млади лица до 29 години.

Со програмата се планира да се овозможи: зајакнување на претприемништвото и создавање 1050 одржливи работни места во нови фирми; поддршка за растот на микро и малите претпријатија при нивното воведување на нови производи и услуги, што ќе доведе до отворање на 200 нови работни места; основање на локални партнерства што ќе резултира со мотивирање на 1000 невработени лица-припадници на социјално исклучените ризични групи-активно да се вклучат на пазарот на трудот и во активните програми и мерки за вработување; воведување на иновации и нови технологии и практики во работните процеси кои овозможуваат забрзан раст на малите компании и создавање на квалитетни работни места.

На свеченото потпишување присуствуваа Растислав Врбенски, Заменик директор на Регионалното биро за Европа и Заедницата на независни држави на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Луиза Винтон, постојан претставник на УНДП во државата. Тие ја потенцираа важноста и потенцијалот на микро и мали претпријатија, не само за економскиот раст, туку и за целокупното унапредување на човековиот развој.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }