Тематска расправа: “Здравствена заштита и здравствено осигурување на лицата со инвалидност во Република Македонија”

Министерот за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими се обрати на тематската расправа “Здравствена заштита и здравствено осигурување на лицата со инвалидност во Република Македонија”.

Министерот за труд и социјална политика во оваа прилика наведе неколку од бројните проекти за унапредување на квалитетот на живеење на лицата со инвалидност. Имено, тој ги акцентираше проектите во сферата на вработувањето, реализирањето на проектот за користење бесплатна услуга на рехабилитација и рекреација за деца кои се со пречки во менталниот и телесниот развој на возраст од 6-26 години и кои се корисници на правото на посебен додаток.

“Потоа во процесот на деинституционализацијата отворени се и функционираат повеќе станбени единици за самостојно живеење со поддршка на лица со интелектуална попреченост. Отворени се 32 дневни центри како социјални сервисни служби за децата со попреченост, Дневниот центар за деца со аутизам–Чаир, Дневниот центар за деца со оштетен вид на предучилишна возраст (до шест години). Исто така, се зголеми посебниот додаток за материјално необезбедените родители на деца со пречки во развојот за 25%, а во 2011 година воведни се дополнителни мерки за поддршка на најзагрозените категории на граѓани. За слепите лица и ивалидните лица се воведе надоместок за слепило и мобилност. За овие лица воведено е и право на придружник за време на лекување во јавни здравствени установи на товар на Министерството за труд и социјална политика итн.”, дополни Ибрахими.

Министерот Ибрахими во своето обраќање особено го издвои учеството на Министерството за труд и социјална политика во акцијата ,,Домашна визита”.

“Имено, до Министерството за здравство редовно се доставуваат  ажурирани списоци на  корисници на правото на паричен надоместок за помош и нега од друго лице, право на  постојана парична помош,  право на мобилност, слепило и додаток за глувост, за посета во домашни услови. Во изминатите акции домашни визити кои Министерството за здравство ги спроведува од 18.11.2013 година, завршени се шест бранови на овие активности во кои што се посетени околу 104.000 лица, од кои 13 592 лица се корисници на правото на паричен надоместок за помош и нега од друго лице, право на постојана парична помош, право на мобилност, слепило и додаток за глувост, кај кои поради ментална или психичка попреченост достапноста во примарната здравствена заштита им е отежната, а во моментов во тек е спроведувањето на седмиот бран од проектот ,,Домашна визита”, детално елаборираше министерот за труд и социјална политика.

Со цел успешна реализација на овој проект, а воедно и обезбедување на подобра здравствена заштита и рано детектирање на одредени болести, Министерството за труд и социјална политика во соработка со Министерството за здравство ја разгледа можноста, во спроведување на акцијата на ,,Домашна визита” да бидат опфатени не само стари лица, туку и лица на возраст над 26 години, корисници на правото на паричен надоместок за помош и нега од друго лице, постојана парична помош, право на мобилност, слепило и додаток за глувост.

На тематската расправа свое обраќање имаа и претседателот на Националното координативно тело за еднакви права на лицата со инвалидност во Република Македонија Бранимир Јовановски, како и претседателот на Националниот совет на инвалидските организации на Македонија Душан Нешевски.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }