Започнува Проектот „Центар за вработување на лица со хендикеп”

Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими се обрати на конференцијата по повод отпочнувањето на Проектот „Центар за вработување на лица со хендикеп”.

Во оваа прилика, министерот за труд и социјална политика посебно внимание посвети на податоците од Агенцијата за вработување на Република Македонија во однос на евидентираните вработувања на лицата со инвалидност од коишто може да се забележи значителен позитивен тренд. 

“Имено, ако во 2007 година 47% од лицата со инвалидност биле вработени во отвореното стопанство, а 53% во заштитните друштва, во текот на изминатиот период се забележува тренд на значителна промена на структурата со тоа што во последните неколку години тој однос се менува и околу 60% од регистрираните вработувања на лицата со инвалидност во текот на годината се во отвореното стопанство. Наша заложба и натаму ќе биде да се задржи овој тренд и дополнително да се подобрува”, рече Ибрахими.

Во изминатиот период Министерството за труд и социјална политика го реализираше проектот “Поттикнување на социјалната инклузија и инклузивен пазар на трудот“. Целта беше преку градење на капацитетите на институциите да се постигне подобрување на квалитетот на услугите на пазарот на трудот и на социјалните услуги наменети за лицата коишто се нашле во неповолна положба на пазарот на трудот.

Во насока на унапредување на услугите за социјална инклузија и вклучување на пазарот на труд на лицата со инвалидитет беше подготвена и Оперативната програма „Развој на човечки ресурси 2007-2013”, која се реализираше со финансиска поддршка од ИПА и согласно со оваа програма, во тек е реализација на проектот-Унапредување на услугите за социјална инклузија.

Проектот има за цел да го подобри системот, услугите и професионалните капацитети за социјална вклученост на мажите и жените кои се во понеповолна положба и да ги унапреди еднаквите можности на пазарот на труд. Целите на проектот се развој и спроведување на професионална рехабилитација и услуги на лична асистенција за поинтензивно и квалитетно интегрирање на луѓето со инвалидитет на пазарот на труд и подобрување на испораката и мониторингот на услугите кои се обезбедени за ранливите категории на население преку понатамошна автоматизација на деловните процеси во институциите за социјална заштита и олеснување на размената на податоци помеѓу надлежните институции.

            “Овој проект се одвива преку три компоненти и тоа: унапредување на професионалната рехабилитација и вработувањето на лицата со инвалидност, воведување на услуги за лична асистенција за лицата со инвалидност и компонента и надградба на постоечкиот ИТ мониторинг систем и вмрежување”, елаборираше министерот за труд и социјална политика Ибрахими.

На крај, не помалку важно е дека Министерството за труд и социјална политика е посветено и на развивањето и поттикнувањето на социјалното претприемништво.

“Во рамки на проектот „Поддршка на развојот на правната рамка за социјално претприемништво во Република Македонија“, кој се имплементира со поддршка од страна на Британската Амбасадата и чија основна цел е зголемување на можностите за вработување и социјално вклучување на маргинализираните групи во државата, подготвена е „Анализа на состојбите и можностите за уредување на социјалното претприемништво во РМ со понуда на опции“, како и „Компаративна анализа на закони од интерес за развој на социјалното претприемништво во РМ“. Во рамки на еден инклузивен процес со вклученост на поголем број на релевантни заинтересирани субјекти и меѓународна експертиза, подготвен е предлог-текст на Закон за социјално претприемништво, како и соодветната проценка на влијанието на предложената регулатива и истиот во наредниот период ќе биде ставен на јавни расправи. За оваа намена се обезбедува и помош и експертска поддршка и преку ИПА инструментот на Европската унија”, заврши Ибрахими.

Во своето обраќање на конференцијата директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски потенцираше дека во периодот од отпочнување на примената на Законот за вработување на инвалидни лица заклучно со 2016 година доделени се 2.088.660.754,00 денари по основ на вработување на инвалидни лица, адаптација на работно место, набавка на попрема, работно оспособување на инвалидни лица како и за изградба и доградна на работен простор.

Оперативниот директор на Стопанската комора на Македонија Елена Милевска-Штрбевска, информирше дека Центарот за вработување на лицата со хендикеп ќе креира програми неопходни за стекнување стручни знаења и обуки за јакнење на вештините и капацитетите на лицата со хендикеп, а програмскиот раководител на „Полио Плус – движење против хендикеп” Елена Кочоска нагласи дека креатори на иницијативите за вработување на лицата со хендикеп треба да се токму лицата со хендикеп и дека тоа треба да биде договор помеѓу бизнис заедницата и хендикепираните, а улогата на државата да биде во насока на давање поддршка, но и да биде гарант на тој договор.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }