14.1.2014

Последната група на деца замина на Пелистер

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов  ја испрати третата група деца на бесплатен одмор и рекреација во детското одморалиште Пелистер.   


„Досега 660 деца ја искористиле услугата, а ова е последната група која заминува. Опфатени се сите градови од Македонија со по определeн број деца, кои имаат можност да ја искористат услугата, односно да присуствуваат на бесплатен одмор и рекреација, своето време да го поминат во дружење во забава, културно-забавни и едукативни активности и да имаат незаборавни моменти и среќни мигови за време на беспатниот одмор, кој трае шест дена со полни пансиони,“ рече  Спасов.

Ова е трета година во која се релизира проектот за бесплатен одмор за деца од социјално загрозени семејства во зимскиот и во летниот период.

"Изминатите три години опфатени се над 6.000 дечиња. Владата и во иднина ќе продолжи со реализација на проектот овозможувајќи им на децата, кои доаѓаат од социјално загрозените семејства беспалтен одмор, да им дадеме можност и тие да посетата одредени летни или зимски одморалишта", посочи Спасов.

На бесплатно зимување на Пелистер годинава услугата ќе ја искористат околу 1.000 дечиња во рамки на владиниот проект за бесплатен одмор и рекреација за деца од социјално загрозени категории, социјални семејства, со пречки во развојот, со посебни потреби и деца и без родители и родителска грижа.