Зголемување на минималната плата

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов на конференција за медиумите заедно со синдикалните организации информираше за планираното зголемување на минималната плата.


Осврнувајќи се на значењето на социјалниот дијалог, министерот Спасов најнапред потсети: “Владата, за прв пат во независна Македонија  во 2012 година ја утврди минималната плата како законско решение, за кое сметам дека претставува голем успех на синдикалното движење во нашата земја, но и за трипартитниот социјален  дијалог во кој покрај синдикатите се вклучени и работодавачите. Ова беше долготрајно барање на синдикатите до Владите во предходните години наназад. Законот започна да се спроведува со исплатата на платите од јануари 2012 година, а висината на минимална плата за 2012 година се утврди на износ од 8.050 денари на месечно ниво, за полно работно време. Како министерство, од денот на  воведувањето на минималната плата ги користевме сите законски механизми за контрола на исплатата на минималната плата како законско право на работникот”.

Министерот Спасов истакна дека на овој начин директно ќе се допринесе да се зголемат примањата на огромна бројка на работници и дека веќе се извршени консултации со раководствата на коморите, работодавачите и со раководствата на синдикатите и додаде:

“Како резултат на социјалниот дијалог и социјалното партнерство, соработката со синдикатите, но и соработката со организациите на работодавачи, како и  созревањето на околностите, објавувам дека веќе изготвиме законско решение за измени и дополнувања на Законот за минималната плата со коешто предвидуваме зголемување на минималната плата, законско решение кое веќе е доставено на мислење до синдикатите и организациите на работодавачите и коешто ќе биде разгледано за 7 дена на седница на Економско социјалниот совет. 

Целиот процес на зголемување на минималната плата во Република Македонија се состои во тригодишна динамика, односно покачувањето ќе се реализира започнувајќи од март 2014 година, а ќе заврши во март 2016 година со што минималната плата ќе се зголеми и ќе изнесува 10 080 денари. Од март 2014 година, минималната плата ќе се покачи од сегашните 8.050 денари на 8.800 денари месечно, од март 2015-та минималната плата ќе изнесува 9.590 денари и од март 2016-та 10.080 денари со што работодавачите  ќе бидат обврзани да ја зголемат минималната плата, за што  ќе следат контроли бидејќи ќе бидеме цврсто посветени овој Закон да се применува целосно.  За непочитувањето на Законот, ќе претстојат соодветни глоби. 

Во дејностите каде што досега заради спецификата на областа имаше посебна динамика на прилагодување платите во производство на текстил, производството на облека и производство на кожа и кожни производи-минималната плата ќе се зголеми со соодветна за нив динамика. Почнувајќи со платата исплатена за март 2014 година, минималната плата за овие гранки ќе изнесува 7500 денари, со платата исплатена за март 2015 година, минималната плата во овие дејности ќе биде 8050 денари, а од март 2016-та таа да биде 9000 денари. За овие гранки ќе има плус две години прилагодување, и тоа за 2017 година, 9590 денари и за 2018-та 10.080 денари кога ќе се изедначи со останатите плати”, информираше министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

На крајот, тој потенцираше: “Ова е историски успех на синдикатите на работодавачите, но и на Владата на Република Македонија, успех кој е во насока на подобрување и унапредување на животниот стандард на сите вредни и трудољубиви работници коишто остваруваат минимална плата”.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }